Post date: Jun 18, 2011 12:39:18 AM
Прашање 6.
На што се базира Исламот?
Исламот се базира врз петте столбови: Шехадетот1 – „Ешхеду ен ла илахе иллаллах, ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху“ или во превод на значење: Сведочам дека не постои друго божество достојно заобожување освен Аллах и сведочам дека Мухаммед е Негов роб и Негов пратеник; извршувањето на петте дневни намази,2 давањето зеќат3, постењето на месецот Рамазан и извршувањето на хаџџот4 кој што е обврскасамо за оние кои што се подготвени физички и финансиски, но исто така и под одредени услови мора да бидат обезбедени сигурносни мерки, како на пример тоа што жените мора да бидат со махрем, т.е., во придружбасо маж со кој што се во тесна крвна врска – татко, брат, син, внук или сопруг.
Прашање 7.
Што е иман?5
Иман значи да веруваш во Едноштвото на Возвишениот Аллах, во Неговите мелеци,6 во Неговите Книги, во Неговите пратеници, во Судниот Ден и во кадерот.7 Доказ за тоа се Аллаховите зборови чиешто значењегласи:
„Пратеникот верува во сè она што му се објавува од Господарот негов, и верниците: секој од нив верува во Аллах и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во пратениците Негови: ‚Ние не правиме разлика помеѓуниеден од нив.‘ И велат: ‚Слушаме и се покоруваме; прости ни Господару наш; кај Тебе ќе се вратиме!‘“
(Кур’ан, 2:285)
Прашање 8.
Што е ихсан?8
Ихсан значи да Го обожуваш Аллах како да Го гледаш, бидејќи иако ти не Го гледаш, Тој тебе те гледа. Доказ за тоа се Аллаховите зборови чие што значење гласи:
„Аллах е навистина со богобојазните и со оние кои што добро чинат!“
(Кур’ан, 16:128)
1 Шехадет – сведочење (заб. на прев.).
2 Намаз - дневна, редовна и облигативна молитва кај муслиманите. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум наречено сеџда (заб. напрев.).
[3] Зеќат – Определен, фиксиран дел од богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, кој што го надминува нисабот (определената вредносна граница) и одредениот временски период хаул (лунарна година) кој што се дава засиромашните во муслиманската заедница. Плаќањето на зеќатот е задолжително бидејќи тој е еден од столбовите на Исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредоки сигурност (заб. на прев.).
4 Хаџџ - аџилак во светите градови Мека и Медина (заб. на прев.).
5 Иман – верба, верување (заб. на прев.).
6 Мелеци – ангели (заб. на прев.).
7 Кадер – да веруваш дека сè се случува со Божја волја и одредба (заб. на прев.).
8 Ихсан - честитост, доброчинителство (заб. на прев.).