Post date: Jun 23, 2011 11:31:37 PM
Наставни прашања:
1.Што е акида и со што се занимава таа наука?
2.Која е дефиниција за акида?
3.Зошто Аллах не создал?
4.Кои работи треба да ги имаме за да влезем во рајот?
5. Дали е намазот услов за исправна акида?
6.Што е ибадет и како го дефинираме?
7.Кои се работите на кои е заснован ибадетот?
8.Кој е изворот на нашата акида?
9.Набројте неколку акидетски правци?
10.Како се нарекува нашиот акаид?
11.Коа е основа за правилен ибадет, а која за правилен адет?
Акида, тевхид , ширк
Почетен курс
Акида Прв Степен
Текстот преземен и преведен од Кенан Хоџиќ-Исламски факултет-Медина
Што е Акида?
Јазички Акида значи:„Врска“.Наречена е така бидејќи се занимава со врската помеѓу робот и Господарот.
Терминолошки акида е наукаа која се занимава со човечките убедувања.
Постојат разни акиди , т.е. разни убедувања кај разни групи на луѓе. Но само една акида е признаена кај Аллахџ.ш. а тоа е исламската :Кај Аллах исламот е единствената вера.“Дефиниција на исламската акида е: Верување во Аллах,
Верување во мелеките , Книги, Пратеници , Судниот ден и кадер. Така ја дефинирал и самиот Пратеник савс, во хадисот на Џибрил (Гаврил) а.с.Овие шест точки познати се како имански шарти што е донекаде точно. Иманот во своето пошироко значење и смисол опфаќа и некои други делови како изговорот на шехадетети правењето на добро дела, но акидата не се занимаваа со тоа.
Исламот се базира на примарното(основно) и на секундарнотодејствување.
Делата се многу битни во Исламот , но исправноста на исстите зависат пред се од верувањето, т.е. од акидата.Затоа верувањето е примарно и основно, додека делувањето е секундарно и зависно.
Вредноста на Акидетската наука?
Се што Аллах создал е со една причина , а тоа е да се обожува. „Џинните и луѓето ги создавот само за да Ме обожуваат!“
Најповеќе што Аллах ги потстакнува своите робови е исправното исповедање на верата, т.е. Убедувањето, и истото го кажувал тоа и Пратеникот а.с. Затоа оној кој ќе има исправна акида во срцето ќе биде спасен на Судниот ден без разлика колку гревови имал во делата, под еден услов, а тоа е да обавувал намаз(се мисли на намаз од кого зависи иманот).Така и спротивно.„Ти објавивме ,а и на оние пред тебе, ако ми припишуваш некој друг сите дела ќе ти бидат поништени и на оној свет ќе бидеш пропаднат.“
„и не им беше наредено освен Аллах да Го обожуваат искрено исповедајќи Му ја верата.
Ехлисунетското верување по прашање на големи грешници е:
Кој ќе ја поседува акидата на тевхидот(монетеизмот) во срцето, ќе го изговара шехадетот и ќе го обавува намазот ќе влезе во Џеннет.Доколку таквиот бил тежок грешник, ќе биде под вољата на Аллах, кој ако сака ќе му пости, а ако сака ќе го казни.Грешните верници доколку бидат казнети нема да останат вечно во оганот, за разлика од неверниците.
Ние го поставуваме намазот како условот за исправност на акидата, бидејќи тоа го сторил Аллаховиот Пратеник кажувајќи:„Границата помеѓу нас и нив е намазот, кој ќе го остави е неверник.“ Ниедно друго дело покрај шехадетот не е услов за исправност на иманот.Пратениците првин на луѓето појаснувале што од нив нивниот Господар бара да веруваат, а потоа им биле појаснети прописите.„Ние на секој народ испративме пратеници,Аллах обожувајте Го и од тагутите отргнете се.“И Пратеникот Мухаммед , саллалахуалејхивеселем, првите 13 години од пратеништвото на луѓето им всадувал здрава акида спрема Аллах џ.ш., а потоа ги подучувал на прописите на верата. Ибадетот кој се спомнува како причина на нашето создавање е обожување на Аллах Возвишениот.Овој поим означува понизност и покорност. Дефиниран е како: секое дело од кое Аллах е задоволен.
Ивадетот може да биде јавен и таен. Јавниот ибадет се делата кои Аллах ги сака, а тоа е следење на суннетот(праксата на Пратеникот а.с.) Тајниот ибадет се убедувањата кои Аллах ги сака, а тоа е исламската акида. Оној кој сака да му удоволи на Аллах џ.ш. правејќи му ибадет, мора да знае какви дела му се мили на Аллах па да ги прави. Тоа може да се дознае само преку Куранот и Хадисот. Ибадетот е забранета зона , ни за една работа не се тврди дека е ибадет освен кога се има јасен доказ од овие два извори. Основата на ибадетот е забраната, додека не се докаже дека е дозволено правењето на тоа дело, додека во обичаите е спротивното(се што не е ибадет-е адет), се е дозволено додека не се докаже дека е забрането.
Ибадетот е заснован на 4 основи:
-Љубов од стравопочит.
-Страв со надеж
Човекот е на прав пат се додека ги има тие основи.Некои од селефот(исправните претходници) говореле:
„Кој ќе го обожува Аллах само поради љубов е неверник, кој ќе Го обожува поради надеж е мурџија, а ако го прави само врз основа на страв тој е хариџија.“
Извори на Исламската акида
Многу верски прашања учењаците ги третираат како „тевкифије“ или „иџтихадије“.
Тоа се работи кои немаат никаков удел без јасен доказ се од Аллах џ.ш. и работи кои можеме да ги достигнеме со својот ум.
Акидата е сета тевкифујја. Ништо во неа не вбројуваме нити од неа негираме, освен со јасен доказ од оној кој ја пропишал, Аллах џ.ш. или од оној кој не подучил Пратеникот а.с. Поради тоа изворите на нашата акида се Куран и Суннет.
Акаидски правци
Со проширување на исламската држава разни идеологији и филозофии почнуваат влијание на акидата на муслиманите.Тогаш настануваат поделбите и сектите, т.е. акаидски правци во исламот.
Пратеникот а.с. не предупредил на тие секташења, па ни кажал:„Евреите се поделиле на 71, христијаните на 72, а мојот народ ќе се подели на 73 секти, сите ќе идат во огин освен една.Тоа е онаа која ќе биде на она што сум јас и моите асхаби.“
Така што денес постојат мурџии, матуридии, ешарии, мутезелии, суфии, хариџии, и други….
Акаидот кој води наследство од Пратеникот а.с. е Ехли суннетот.
Кажал Пратеникот а.с. : Во мојот уммет постојано ќе има потпомогната група која ќе иде по патот на вистината, нема да можат да им наштетат непријателите се до Судниот Ден.“ Таа група денеска се селефии.