Post date: May 28, 2011 10:43:1 PM
Форумите на исламските страници и портали, за жал, наместо советување, потпомагање во добро најчесто се користат на неплодни расправи и убедувања, навредувања од сите видови, меѓусебнo пресметување, анализи на ставови, обвинувања... Расправите се водат без никакви принципи и правила. Работата за Ислам – која се огледува во покорноста на Аллах и Негово вистинско обожување и одрекување од неверството и неговите следбеници – е голема работа. Кон неа се стреми и со неа се гордее секој искрен следбеник на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлам. Колку е величествена, ни говори фактот дека Аллах, џелле шануху, на нејзино чело, како предводници во неа, ги ставил Своите најодбрани робови – пратениците, а.с. Оној кој ќе го избере патот на работа за Ислам, го одбира патот на пратениците, а оној кој го одбира патот на пратениците, треба да се надева на Аллаховата милост, опрост и помош.
Благодарение на Аллах, тоа, не му е непознато ниту на еден муслиман, и не е потребно да изнесуваат аргументи за да се убедиме во тоа, но можеби е потребно да се обрати внимание на суштината и целтта на таа работа, условите за нејзиниот успех, зошто често размислуваме општо и површно, а ги запоставуваме деталите кои и тоа како влијаат на судбината на нашата работа и успехот во неа. Кои се тоа, главни принципи и правила врз кои треба да почива работата за Ислам?
Повикување во Ислам
Често забораваме дека работиме за Исламот, а не за оваа или онаа група или движење, така да наместо да ги повикуваме луѓето во Ислам, ние ги повикуваме во нашето движање или идеја, сакале ние тоа да го признаеме или не. Она што е полошо од тоа, е идентифицирањето на вистината со она што ние го застапуваме и во кое повикуваме, пријателство и омраза во име на тоа, или просто кажано – партијаштво!
Аллах, џелле шануху, Му наредил на Својот Пратеник, с.а.в.с.:“Кажи: „Ова е мојот пат, јас повикувам кон Аллах имајќи јасни докази, јас и секој што ме следи, и нека е Возвишен Аллах, јас не Му припишувам здруженик.“ (Јусуф, 108) “На патот на Господарот твој мудро и со убав совет повикувај, и со нив на најубав начин дискутирај!“ (Ен-Нахл, 125) Рекол: “А кој говори поубаво од тој што повикува кон Аллах, кој прави добри дела и кој вели: „Јас сум, навистина, муслиман!“ (Фуссилет, 33)
Познато е дека енсарија и мухаџир се Курански термини, и прествуваат називи за оние кои поверувале во Пратеникот и му помогнале во доставувањето на пратеништвото. Дали може да замислиме тие термини да се доведат во контекст во говорот за нешто што е џахилијетско (безбожно), нешто што го дели и разбива муслиманскиот сафф? Повеќето сигурно ќе одговорат – негативно. Меѓутоа, одговорот не е точен. Еве како. „Настанала расправија помеѓу енсарија и мухаџир, па мухаџирот ги повикал на помош мухаџирите, а енсаријата енсариите. Кога Пратеникот, с.а.в.с., го видел тоа, се налути и рекол: „Зарем се враќате во џахилијет, а јас сум меѓу вас. Оставете го тоа, зошто тоа е одвратно.“ (Муслим, 2584)
Манифестации на партијаштво
Повикување врз принцип на праведноста само кога судот се однесува на истомислениците, а игнорирање на истиот кога се донесува суд за други.
Преоѓање преку очигледните пропусти на истомислениците, а приметување и на најмалите недостатоци кај другите.
Кога се озборува и навредува некој кој од нас различно размислува, ја оправдуваме таквата постапка, а кога во прашање се “нашите“ , тогаш ги употребуваме сите постоечки верски принципи, сите веродостојни и слаби хадиси кои ја штитат честа на муслиманот и строго го забрануваат озборувањето. Тоа е повеќе отколку очигледно на секој кој праведно и непристрасно ја набљудува состојбата во исламските движења, организации и џемати!
Се смета за права вистина само на она што го говорат и она што го повикуваат нашите даии и ученици, а категорично се отфрла она што другите го зборуваат, без да се сослуша нивниот став и докази.
Партијаштвото, пријателството и омразата во име на групацијата е едно од најпрепознатливите обележја на фракциите и сектите кои отстапиле од Пратениковиот, с.а.в.с., суннет и кој како новотари и ќафири ги сметале оние кои не се со нив, или оние кои нив ги сметале за такви.
Грижата во суштина
Оној што работи за Ислам треба да биде што подалеку од формата, а што поблиску кон суштината и реалноста. Пред сè, на памет треба да му биде дека Аллах, џелле шануху, го нарекол муслиман, му наредил така да се изјаснува, и тој со тоа да е задоволен. За жал, сведоци сме на големата измама кај луѓето кога во прашање се имињата и називите. Човекот мисли дека е доволно само да се нарекува со ова или она име, “следбеник на првите генерации“, “следбеник на среден пат“, па така да биде на Вистинскиот пат. Зарем таквите не чуле за зборовите на Аллах, џ.ш.: „Кај Аллах најблагородни се оние кои се најбогобојазни.“ Или пак чуле, ама ги заслепил блесокот на групацијата во која припаѓаат?! Или, Аллах да чува, се од оние кои ја следат својата страст, покрај јасното упатство, Аллах да не сочува! Колку луѓе има кои се нарекуваат со ова или она име, кои, ете би требале да упатуваат, на тоа дека е вистински следбеник на Пратеникот, с.а.в.с., на неговиот суннет, да го сака Пратеникот, с.а.в.с., и асхабите и добрите генерации, меѓутоа неговата пракса е далеку од она на кое бил Пратеникот, с.а.в.с. Пратеникот, с.а.в.с., мора да се следи во сè и во верувањето и во начинот на повикување на луѓето, и во однесувањето и во ибадетот и во политиката и во односот спрема муслиманите и во војна и во мир. Рекол, Аллах , џ.ш.: „Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример. “ (Ел-Азхаб, 21), т.е. пример во сè. Да не бидиме од оние кои дел од Книгата ја практикуваат, а другиот зад грб го фрлаат. Немојте да и придаваме важност само на една димензија од верата или од сунетот на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., а да се запостават другите, можеби поважни димензии. Немојте да го следиме само по надворешениот изглед и облекување, а да се запостави срцето и делата на срцето.
Помагање и советување
Енергијата треба да се троши во остварувањето на заедничките цели, во повикувањето кон она кое се согласуваат сите оние кои работат на полето од Исламот, запознавање на умметот а и другите со темелните постулати на оваа вера, чистиот монотеизам (тевхидот), далеку од секој вид на било каква идолотарија (ширк), новотарија, празноверие, а што помалку енергија да се троши на прашањата околу кои постои разидување и кои не се од темелот на Исламот. Рекол Пратеникот, с.а.в.с.: „Читајте го Куранот, сè додека не почувствувате дека тоа ви ги зближува срцата, а кога ќе дојде до разидување (во неговото сфаќање и толкување), разидете се.“ (Теберани во ’Ел-Му’џемул-кебир, 2/164). Она околу кое се разминале оние кои работеле за Ислам пред нас, од работите кои се дозволени да се разедини, ние нема потреба да го зборуваме, затоа што само ќе го потрошиме скапоценото време во расправии, убедувања и на крај уште повеќе ќе не одалечи, и нашите срце ќе ги направи тврди. Желбата за расправија не е нешто позитивно кај човекот, напротив, тоа е негативност од која треба што побрзо да се ослободиме. Рекол, Пратеникот, с.а.в.с.: „Ниту една група луѓе не залутала, после оставањето на моето упатство, а да не е искушана со расправија.“ , потоа го проучил ајетот: „Оние тоа ти го наведуваат само да би расправале со тебе, зошто тие се народ кој сака да расправа.“ (Тирмизи. 2535, Ибн Маџе, 48)
Форумите на Исламските страници и портали, за жал, наместо советување, потпомагање во добро се користат на неплодни расправи и убедувања, навредувања од сите врсти, меѓусебнo пресметување, анализи на ставови, обвинувања...
Сите го оправдуваат тоа што го говорат и пишуваат со желба за потпомагање на вистината и неутрализирање на невистината, дури и навреди се дозволени ако со тоа би се поразил “непријателот“, “носителот на заблуда“ или “натрапникот“ !? Расправите се водат без никакви принципи и правила, често со површно познавање од она што е предмет на расправа, а и да се познава она за кое се расправа и да се докаже исправноста на сопствениот став, што ќе ни користи тоа покрај силните навреди и омаложувања. Можеби оние кои учествуваат во расправите забораваат дека “од другата страна“ е нивниот брат муслиман, кој има свои права, без оглед колку во нашите очи или навистина имал пропусти, или во која групација припаѓал, а неговото право е да не го потценуваш, да не го навредуваш, да не му вртиш грб, да не го оставаш на цедило, да му помогнеш дури и кога ти прави насилство, така што ќе го одвратиш од насилството. Рекол Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.: „Не завидувајте едни на други, не продавајте едни на други роба по лажни цени, не презирите се, не вртете ги грбовите едни со други, не мешајте се едни со други во купопродажбата, и бидете, О АЛАХОВИ РОБОВИ, БРАЌА! Муслиманот е брат на муслиманот, не му прави неправда, не го остава на цедило и не го омаловажува. БОГОБАЈАЗНОСТА Е ОВДЕ – и тоа три пати го повторил – покажувајќи на градите. Доволно на човекот му е злото, што го омаловажува и потценува својот брат муслиман. На муслиманот му се забранети животот, имотот и честа од другиот муслиман! “(Муслим, 2564) Ова што го споменавме не значи дека меѓу оние кои работат за верата не треба да има советувања и критикувања, секако дека треба да има совети критики, примедби, но во рамките кои ги поставила нашата возвишена вера.
Исламско советување и критики
Искрената намера на оној кој упатува совет и критика: Ако со советот и критиката се сака нешто друго, а не Аллахова награда и наклонетост, Аллах нема да даде благослов во тоа, а пред тоа нема ниту да го прифати тоа како добро дело. Рекол Пратеникот, с.а.в.с.: „Аллах го прима само она дело кое е направено искрено поради Него, и со него се сака Неговото лице.“ (Несаи, 3140)
Целта на советот и критиката да не биде нечие понижување и срамотење, и докажување на супериорност над него: Рекол Пратеникот, с.а.в.с.: „Доволни му се на човекот злото и гревовите што го потценува и омаловажува својот брат муслиман.“ (Муслим, 2564)
Советот и критиката да бидат упатувани насамо: Се пренесува од имамот Шафија дека рекол: „Ако ме советуваш насамо си ме спасил, а ако ме советуваш јавно си ме посрамотил.“ Рекол Пратеникот, с.а.в.с.: „Оној кој ќе ги следи срамовите на муслиманот, Аллах ќе ги следи неговите срамови, а кому Аллах ги следи срамовите, ќе Го осрамоти па и во својата куќа. “ (Тирмизи, 2032.)
Убаво рекол Шафија: „Со својот јазик не спомнувај нечија срамота/Создаден си од срамота, а и луѓето имаат јазици/на своето око, кога ќе воочиш некаков срам, кажи/ Сокриј ја, о око мое, зошто и другите имаат очи."
Советувањето да биде на најдобар можен начин, далеку од грубоста и надметнатоста: Никој не ја сака грубоста и надметнатоста. Дури и асхабите, р.а., за чиј што иман, покорност и преданост на вистината и слушањето на корисните совети, е непотребно да се заборува, биле најдобри во сето тоа. Аллах, џелле шануху, вели дека би се разбегале од Пратеникот, с.а.в.с. ако спрема нив би бил лош и груб: “Со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твојата близина.“ (Али Имран, 159)
Колкава е разликата помеѓу убавиот и грубиот настап, ни покажува случајот со бедуинот кој мокрел во месџидот. Асхабите, р.а., побрзале да го спречат, а Пратеникот, с.а.в.с., им забранил и на најдобар начин го подучил дека месџидот е за извршување ибадет, а не за она што го направил. Човекот на крај го молел Аллах да му прости и нему и на Мухаммеда, с.а.в.с. и на никому повеќе. (Бухарија, 5664)
Дошол еден човек кај Харун ер-Рашид и му рекол со повишен тон: „Слушај ме!“ „Нема да те слушам“ – му возвратил Харун ер-Рашид. Три пати ги повторил своите зборови, а Харун ер-Рашид му давал ист одговор. На крај му рекол: „Аллах го испратил оној кој е подобар од тебе (Муса и Харун) на оној кој е полош од мене(фараонот) и му наредил: Кажете му благи зборови, за да ја прифати опомената и да се плаши од Аллах. “ (Таха, 44)
Најдобрите генерации од овој уммет се разминале во голем број практични(фикхски) прашања, почнувајќи од асхабите, потоа табиините, па предводниците на познатите правни школи (Ебу Ханифе, Малик, Шафија и Ахмед), и нивните ученици (Ебу Јусуф, Мухаммед ибнул Хасан, Ел-Музени, Ебу Севра, Сахнун, Ибн Маџишун, Исхак и др.) но себеси не си дозволиле таков луксуз да се навредуваат едни со други, го молеле Аллах еден за друг и ја бранеле честа едни на други.
Пренесува Омер ибн Сеид, од својата мајка дека рекла: „Дојде ибн Омер, р.а., во Мека и луѓето почнаа да го распрашуваат за разни прашања, а тој им рече: ’Зарем мене ме најдовте да ме прашувате сè што на ум ќе ви падне, а го имате Ибн Еби Ребиа, т.е. Атаа?“ (Сифету сафе, 2/143)
Абдуллах ибн Ахмед ибн Ханбел рекол: „Го запрашав татко ми: Кој е Шафија, кој толку често го спомнуваш?“ „Синко мој“ – му рече тој- „Шафија беше сонце за овој свет, и благосостојба на луѓето! Дали тие две работи може нешто да ги смени кога би ги снемало? “(Сиеру еалами нувела , 10/45)
Уважување и почитување
Работата за Ислам не е ограничена врз одредено поле или сегмент од човечкиот живот, туку таа е една широка лепеза во која има место за секој оној кој сака добро, кој бара прилика за натпревар и постигнување степен кај Аллах, џелле шануху, и стекнување на Неговата наклонетост и близина. Куранот и сунетот, обилуваат со докази за ова тврдење. Во нив се пофалуваат и оние кои повикуваат во Аллаховата вера, и оние кои луѓето ги подучуваат на добро и оние кои на Аллаховиот пат се борат со своите животи, иметоци и јазици, и оние кои уделуваат, и оние кои снабдуваат борец на Аллаховиот пат и остануваат да се грижат за неговото семејство, и оние кои бараат знаење, и оние кои упатуваат кон добро, и оние кои се грижат за сираците и вдовиците, и оние кои наредуваат добро и одвраќаат од зло, и оние...
Пратеникот, с.а.в.с., рекол дека Џеннетот има различни врати: „Врата за клањачите, врата за уделувачите на садаки, врата за борците на Аллаховиот пат, врата за постачите, оној кој најповеќе посветил внимание на некое од споменатите дела, ќе биде повикан од вратата која е одредена за тоа дело, а Ебу Бекр ќе биде повикан од сите тие врати.“ (Бухарија, 1798, Муслим, 1027)
Било кој поединец или група на луѓе на некој простор не се во состојба со својата работа да ги опфатат сите спомнати полиња. Затоа мора да се дојде до соединување и поврзување, координирање на работата, рамномерно распоредување на силите и потпомагање. Сечија работа и труд треба да се цени, нема привелегија едни над други, ниту, да не даде Аллах, потценување и омаложување. Не е проблем некој да го одбере ова или она поле на делување, да го преифира над други, и повеќето од своја сила да ја троши на него, туку проблемот е кога ќе почне да мисли дека е најдобар, дека тој работи најмногу, дека е најкорисен, дека работата на другите е безвредна во однос на неговата. Во тоа лежи голема опасност!
Да ги ставиме своите постапки на вагата на правдата, па ќе видиме колку имаме пропусти, колку вистински го следиме Пратеникот, с.а.в.с., колку ни е потребен совет и корегирање, и тогаш нема да имаме време за другите и за нивните постапки и грешки. Исламскиот уммет стагнирал на сите полиња,научни, политички, воени, морални, економски. Немојте да се залажувате со тоа дека само од нас зависи поправката на таквата состојба, дека ако го поправиме полето на кое работиме завршиле сите проблеми и умметот станал она што бил во своето време на воздигнување и гордост.
Го молам Возвишениот Аллах да не упати на она што е најдобро, да ги исчисти нашите срца од злобата и зависта спрема муслиманите, да ги соедини нашите срца и да не направи единствен сафф во работата за Неговата вера! А М И Н !
САФФ
Превод и обработка: www.islamski-centar.org