Post date: Jul 22, 2011 10:36:18 PM
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосниот!
Досега е помината отприлике еднаа третина од текстовите потребни за еден курс за почетници од насока Акида.Со консултација на исламски даији и професори ќе продолжиме со постирање на текстови за успешно совладување на основните исламски знаења.За да имаме подобар преглед овде се собрани сите прашања на кои вие како учесник и како публика можевте да ги сретнете од започнување на Виртуелна медреса.Напоменувам дека ова е ПИЛОТ проект кој може да содржи грешки во редоследноста на учењето, но тука сте вие да оцените и да помогнете преку препораките на постоечката емаил адреса и да можеме да ако нешто е пропуштено да го поминеме.
Наставни прашања од областа АКИДА:
Што е акида и со што се занимава таа наука?
Која е дефиниција за акида?
Зошто Аллах не создал?
Кои работи треба да ги имаме за да влезем во рајот?
Дали е намазот услов за исправна акида?
Што е ибадет и како го дефинираме?
Кои се работите на кои е заснован ибадетот?
Кој е изворот на нашата акида?
Набројте неколку акидетски правци?
Како се нарекува нашиот акаид?
Коа е основа за правилен ибадет, а која за правилен адет?
Кој е Аллах?
Кои принципи ги опфаќа верувањето?
На колку дела се дели верувањето и кои се?
Колку најубави имиња има Аллах?
Наброј најмалку 10 најубави имиња на Аллах!
Што се постига со спознавањето на Аллаховите имиња?
Што е Ла иллахе иллаллах?
Што се постига со тоа?
Кои се двата услови на шехадетот?
Што била мисијата на Мухаммед а.с.?
Може ли создаденото во било кој момент да биде обожувано?
Што е заедничко за сите погрешни верувања?
Дали е доволно само да се верува во Аллах?
Што е Тевхид Улухије?
Дали се станува неверник доколку не се прифати тевхид улухије?
Дали е тевхид улухије од основа на верувањето?
Што е тевхидур рубубије?
Што се влегува во овој тевхид?
Дали верувањето само на овој вид на тевхид те прави верник?
Во што треба да се обединат сите луѓе?
Што е Тевхид на Есма и вес сифат?
Дали на Аллах Му припаѓа непотполност во Неговите особини?
Дали може Аллах џ.ш. да се спореди со создаденото?
Дали Аллах може да се замисли?
Кој најубаво може да Го опише Аллах?
Наброј ги условите на шехадетот?
Дали сме верници во вистинска смисла доколку еден услов на шехадетот не се исполнува ?
Која е единствената призната вера кај Бог?
Зошто повеќето луѓе не ја следат вистината?
Кој завет Го зел Бог од своите Пратеници?
Поради која причина не бил прифатен Мухаммед а.с. и другите Пратеници?
Кои се трите основи кои еден муслиман мора да ги познава?
Што значи Господар?
Како Го осознаваш својот Господар?
Која е твојата вера и што преставува?
Што означува придавката џелешануху?
Што означува придавката Салалаху алејхи ве селем?
Што е Џинн?
Што е ајет ?
Што е сеџда?
Каде се спомнува пратеништвото, а каде веровесништвото на Мухаммед, алејхис-селам?
Кое е најголемото чудо на Пратеникот, алејхис-селам?
Што значи додатокот алејхи селам?
Зошто е испратен Мухаммед а.с.?
Што е доказ за пратеништвото на Мухаммед, алејхис-селам?
Со која цел Возвишениот Аллах, го пратил Мухаммед, алејхис-селам?
Што е ТАГУТ?
Што е Теврат, а што е Инџил?
Што е ширк?
Дали делата се важат доколку некој стори голем ширк?
Дали ќе излезе од џехенем оној кој сторил ширк?
Дали има покајување за ширк?
На што се базира Исламот?
Што е иман?
Што е ихсан?
Што е шехадет?
Што е намаз(салах)?
Овие прашања се само дел од прашањата кои ќе бидат искористени на крајот на учењето во кои ќе бидат содржани сите прашања во финалниот тест за кој ќе се договориме како ќе се изведе.Доколку има поединци кои мислат дека сите овие прашања им се јасни и совладани и дека лесно ќе можат да ја поминат виртуелната медреса би ги замолил да ми пишат по приватна порака или во групата за ВИРТУЕЛНА МЕДРЕСА на фејсбук за да имаме предвид колку од нив се заинтересирани за учество во последниот испит кој би требало да биде некаде пред Курбан Бајрам иншаАллах.За најдобрите ќе следи продолжување на проектот на повисок степен како што се курсеви за Даији и курсеви за Менаџирање.Аллах да е задоволен со сите искрени верници кои тргнале по пат на стекнување на знаење.