Post date: Jun 20, 2011 9:58:37 AM
Прашање 9.
Кој е твојот пратеник?
Мојот пратеник е Мухаммед ибн1 Абдуллах ибн Абдулмуталиб ибн Хашим. Хашим е од племето Курејш, а племето Курејш е од народот Кен'ан,2 а народот Кен'ан е од Арапите, а Арапите се потомците на Исмаил, алејхис-селам,3 а Исмаил, е потомок на Ибрахим,4 алејхис-селам, кој што е потомок на Нух,5 алејхис-селам.
Прашање 10.
Каде се спомнува пратеништвото, а каде веровесништвото на Мухаммед, алејхис-селам?
Одговор 10. Прво, Аллаховите зборови кои што се однесувале на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, но без наредба да го проповеда Исламот и се наоѓаат во сурата6 „Ел-Алек“. 7 Потоа му било заповедано да гопроповеда Исламот со објавувањето на сурата „Ел-Муддессир“. 8
Прашање 11.
Кое е најголемото чудо на Пратеникот, алејхис-селам?
Неговото најголемо чудо со кое се докажува неговото пратеништво и веровесништво е Кур’анот, кој што му е даден како предизвик против скептиците и нивните помагачи од луѓето и од џинните. Сите тие до денденешен, и покрај нивната реторика и книжевен талент, не успеале да состават слично дело. Доказ за тоа се Аллаховите зборови чие што значење гласи:
„Ако се сомневате во она што му го објавивме на Нашиот роб, тогаш составете една сура што ќе биде слична на нему објавените, и повикајте ги за сведоци оние кои што на Аллах рамни Му ги сметате, доколку вистината ја зборувате.“
(Кур’ан, 2:23);
и:
„Кажи: ‚Кога би се здружиле сите луѓе и џинни да состават нешто што ќе биде слично на Кур'анот, не ќе можат да состават ништо слично нему, па било да се помагаат едни со други.‘“
(Кур’ан, 17:88)
1Ибн или бин – син на (заб. на прев.).
2 Кен’ан – Канаанците, народ од семитско потекло, спомнат во Библијата (заб. на прев.).
3 Алејхис-селам - мир над него (заб. на прев.).
4 Ибрахим – Авраам (заб. на прев.).
5 Нух – Ное (заб. на прев.).
6 Сура – поглавје од Кур’анот (заб. на прев.).
7 Поглавје бр. 96 (заб. на прев.).
8 Поглавје бр. 74 (заб. на прев.).