Освен јаткастите плодови кои се енергетски густи и богати со масти и протеини, овошјето по својот состав е јагленохидратно со многу вода, витамини, минерали, антиоксиданси, влакна, органски киселини и фитохемикалии. Високиот состав на вода во поголемиот дел од свежото овошје се движи од 70-90% што значително влијае на квалитетот и ја намалува одржливоста на овошјето.