Иако сте свесни за придобивките од медитацијата, можеби се уште редовно не ја применувате. Во денешното брзо темпо на живеење во овој модерен свет луѓето мислат дека е невозможно да се најде време да се медитира, тешко им е да донесат одлука за тоа, па затоа се уште не можат да ги доживеат нејзините придобивки. Доколку секојдневно медитирате по само неколку минути, веднаш ќе почувствувате позитивни ефекти во секоја област наживотот. Доволно е само во тишина и мир, со затворени очи, да го следете своето дишење 10-тина минути, и вие веќемедитирате. Правете го ова секој ден и ќе искусите една нова блажена состојба која ќе ви даде поинаков тек на животот.
Еве една многу едноставна практична вежба која ќе ви помогне да го осознаете процесот на медитација. Најдете место во својот животен простор или каде и да се наоѓате,кое ќе ви овозможи да се осамите. Создајте си атмосфера на придушена светлина и тишина. За почеток седнете на столче и затворете ги очите.Опуштете се и следете го движењето. Правете го тоа нежно и полека и дишењето ќе се забави. Во истиот миг кога вашиот ум ќе започне да скита, повторно вратете го фокусот на дишењето. Забележете како сосекое вдишување и издишување ви се надигаат и спуштаат градите и стомакот. Фокусирајте го своето внимание на тоа како воздухот влегува и излегува од ноздрите. Кога ќе бидете целосно опуштени, будни и свесни,започнете во себе да го повторувате своето целосно име. Пример: Јас сум Симона Кареова. Јас сум Симона Кареова. Јас сум Симона Кареова. Јас сум... Правете го тоа нежно и полека, неколкупати. Потоа изклучете го презимето и продолжете. Јас сумСимона. Јас сум Симона. Јас сум Симона... Сега сетете се на некое убаво искуство од вашето детство, времето пред да наполните 12 години. Вашите родители, брат или сестра, соученици роднини, училиштето. Убави денови или не толкуубави денови. Тогаш заменете го повторувањето на вашето име со само овие зборови: Јас сум. Без никакви идентитети. Нежно повторувајте Јас сум, јас сум... Дозволете им на спомените и мислите да исчезнат. Само повторувајте Јас сум. Доколку сакате можете да го замените Јас сум со Ах-хам или Ом. Само звук. Без приврзувања. Повторувајте го тоа неколкупати. А сега ослободете се и од тоа. Без никакви повторувања, седете тивко и бидете свесни. Бидете целосно со себе. Ова е основната состојба пред да ви дојде каква било мисла или какви било чувства. Тоа е нашата есенција. Поле на неограничен потенцијал. Одморете се од битисување, одморете се од постоење. Само бидете. Останете во таа состојба неколку секунди или минути. Пред да ги отворете очите, почувствувајте ги сензациите на телото. Потоа погледнете. Ќе се почувствувате освежено и ќе сфатите дека не сте биле тука. Ви честитам вие ѓтотуку медитиравте!
Водич за почетници