Дали сте во потрага да најдете среќа? Иако среќата понекогаш може да се чувствува неостварлива или надвор од дофат, тоа не значи дека тоа е невозможно патување. Напротив, среќата би можела да ве чека околу следниот агол...
Или, можеби е дури и поедноставно од тоа. Среќата можеби се наоѓа заедно со вас - едноставно можеби не сте одвоиле време да сфатите дека е многу помалку комплицирано отколку што некогаш сте поверувале. Веројатно знаете дека не станува збор за возење со најновиот автомобил..Но, што е тоа што навистина носи среќа?
Да разгледаме некои совети..
Изберете да бидете среќни. „Среќата е како пеперутка: колку повеќе трчате по неа, толку повеќе ќе ви бега, но ако си го одвлечете вниманието кон други нешта, таа ќе дојде и ќе застане нежно на вашето рамо“. Колку и да звучи убаво овој цитат од Хенри Дејвид Тореу, психолозите се согласуваат дека не е точен. Вистината е дека можете да изберете да бидете среќни. Одлучете свесно да го изберете она однесување и оној начин на мислење кои ќе ве доведат до среќата. Ослободете се од негативните емоции како омраза, лутина, презир, песимизам и научете се да ги прифаќате само позитивните мисли и чувства.
Верувајте дека заслужувате да сте среќни. Има луѓе кои се потценуваат себеси, имаат ниска самодоверба и веруваат дека им е судено да бидат несреќни. Секој ден обидувајте се да бидете што поразлични од тие луѓе. Убедете се дека заслужувате да бидете среќни и повторувајте си ги чекорите кои треба да ги направите за да ја достигнете среќата.
Бидете благодарни за работите со кои сте благословени. Многумина живеат без да ја препознаат среќата во нивниот живот и кога ќе се случи некаква несреќа, започнуваат да осознаваат колку работи поседувале поради коишто требало да бидат благодарни. Не ја правете и вие истата грешка. Нека ви биде обврска секојдневно да искажувате благодарност. Секој ден избирајте по 3 нешта поради кои се чувствувате благословени и напишете ги на лист хартија.
Негувајте го оптимизмот. Дали чашата ја гледате како полупразна или полуполна? Ако сте оптимисти, продолжете да го гледате животот од посветлата страна, затоа што таквото позитивно мислење често ќе става насмевка на вашето лице. Доколку сте песимисти, научете да ги препознавате негативните мисли кога ќе се појават и најдете начин да ги претворите во позитивни.
Бидете детинести. Не е тешко да се заклучи дека децата се посреќни од возрасните. Тие го гледаат светот со други очи, тие прашуваат за работите кои ги гледаат околу себе, тие им се радуваат на малите нешта, како виножито. Организирајте мала игра со вашите пријатели или партнерот. Еден нека поставува прашања како мало дете – „Зошто небото е сино?“, „Зошто птиците летаат, а ние не?“, а другите нека се обидуваат да дадат смислен одговор. Смешните прашања и одговори ќе ви бидат повеќе од доволно за да заборавите на грижите и да ве заболи стомакот од смеење.
Излезете 15 минути на сонце. Недостатокот на сончева светлина може да придонесе за појава на депресија, особено во зимскиот период. Затоа, кога ќе видите дека денот е сончев, облечете се и излезете на 15-минутна прошетка.
Опкружете се со позитивни луѓе. Не е тешко да започнат да ви доаѓаат негативни мисли кога луѓето околу вас се песимисти. Добро проценете ги вашите колеги и пријатели. Кои од нив секогаш ви изнудуваат насмевка на лицето, а кои ви ја цицаат енергијата? Избегнувате ги оние кои ви го „крадат“ расположението. Колку што можете почесто воспоставувајте контакти и дружете се со вашите пријатели. Докажано е дека луѓето кои имаат повеќе пријатели живеат подолго и се посреќни.
Направете нешто убаво за себе. Секој ден правете нешто што ќе ви го подобри расположението и ќе ви ја зголеми самодовербата. Одделете си дополнителни 10 минути за финиширање на својот изглед, купете си мал моден додаток, посетете го омиленото кафуле, уживајте во долга топла бања... Не си барајте изговори како „презафатена сум, немам ниту една минута слободно време“.
Направете си список со 100 нешта кои ве прават среќни. Можеби звучи тешко, но кога еднаш ќе седнете и ќе започнете да мислите во таа насока, ќе видите дека постојат многу работи кои може да ви донесат радост. Потоа секој ден правете по едно нешто од вашиот „список на среќата“. Ако на списокот имате напишано трчање по снегот, кога ќе падне првиот снег, каде и да сте, без разлика како се чувствувате, облечете ги чизмите и трчајте. Во тој момент никој нема да може да ви ја украде среќата.
Грижете се за вашето здравје и изглед. Во здраво тело, здрав дух. Практикувајте здрава исхрана. Мрсната храна прави да се чувствувате мрзеливо, а подоцна ќе чувствувате и вина на совеста што сте јаделе толку калорична храна. Редовно вежбајте. Така ќе го подобрите својот изглед и ќе бидете позадоволни од себе. Освен тоа, вежбањето го зголемува нивото на ендорфини во телото (хормонот на среќата).
Контролирајте го она што можете да го контролирате. Не можете да контролирате сè што се случува во животот. Некои работи едноставно не зависат од вас. Но, немојте да се чувствувате немоќни поради тоа. Бидете умни и започнете да правите разлика меѓу работите врз кои можете и работите врз кои не можете да влијаете.
Живејте во сегашноста. Не ја одложувајте среќата за друг ден кога планирате да имате помалку обврски. Наместо тоа, уживајте во малите задоволства кои секојдневно ви ги носи животот. „Секој момент е златен, за оној кој има визија да го препознае дека е таков“ – напишал Хенри Милер. Не мислете каков ќе ви биде денот утре додека вечерате со својот партнер или семејството. Уживајте во друштвото, во разговорите, во храната што е пред вас. Научете да живеете сега!
Знајте дека не можете постојано да бидете среќни. За да бидете среќни, треба да знаете дека среќата не е константна. Кога имате причина да бидете тажни, оставете да ве обземе таа емоција. Среќните луѓе знаат дека не можат да бидат среќни цело време. Токму поради тоа тие можат да ги ценат малите моменти, малите победи, малите чуда кои им се случуваат во животот.
Ослободувањето од стресот може да му помогне на вашето здравје.
Нормалната состојба во која организмот функционира оптимално се нарекува хомеостаза. Меѓутоа, во животот на луѓето се случуваат непријатни настани кои можат да бидат доволно силни за да ја нарушат хомеостазата и да го доведат организмот во состојба на стрес. Честопати не е потребно да се случи непријатност, доволно е таа да биде навестена, па човекот се чувствува напнат, загрижен, вознемирен, несигурен и сл. Всушност, тоа се зборовите кои луѓето ги користат за да опишат што им се служува кога се под стрес. Кога е нарушена хомеостазата, организмот реагира во насока на адаптација кон промената и повторно воспоставување на нормална состојба. Затоа научниците го дефинираат како реакција на организмот на надворешни влијанија или како општ адаптациски синдром. Причинители за стересот или фактори кои предизвикуваат организмот да дојде во состојба на стрес се нарекуваат стресори. Стресорите најчесто имаа психолошка природа. Тоа се непријатни но и пријатни настани кои се случуваат ненајдено и ја ставаат личноста во неизвесност, во многу неповолна ситуација поради што има чувство дека не може да ги контролира и да се справи со случувањата. Постојат повеќе скали на стресни настани со кои се мери нивото на стрес во одреден период од животот на луѓето.
Стресот е природна реакција на телото која ти помага да се подготвиш за тешки или опасни ситуации. Оваа реакција почнува во мозокот. Добриот стрес ти помага брзо да реагираш. Одредена количина стрес може и да ти помогне да си ги оствариш целите или да постигнеш подобар успех, можеби на некој тест, на интервју за вработување или на некој спортски настан.
Но, преголемиот, долготрајниот или хроничниот стрес може да ти наштети. Кога твоето тело е често или постојано во „фаза на аларм“, тоа може лошо да влијае врз твојата физичка, емоционална и ментална состојба. Може да се смени и твоето однесување, во што спаѓа и начинот на кој постапуваш со другите. Исто така, хроничниот стрес може да води до зависност од разни супстанции, како и до други нездрави навики. Тој може да води дури и до депресија, синдром на прегорување и самоубиствени мисли.
Нервен систем.
Твојот нервен систем предизвикува да се лачат хормони како што се адреналин и кортизол. Тие го забрзуваат пулсот, го покачуваат крвниот притисок и нивото на гликоза во крвта — а сето тоа ти овозможува брзо да реагираш во опасна ситуација. Преголемиот стрес може да води до:
раздразливост, анксиозност, депресија, главоболки, несоница
Мускулоскелетен систем.
Твоите мускули се напнуваат за да те заштитат од повреда. Преголемиот стрес може да води дo:
болки во телото, главоболки предизвикани од напнатост, грчеви во мускулите
Респираторен систем.
Кога си под стрес, дишеш побрзо за да внесеш повеќе кислород. Преголемиот стрес може да води до:
брзо и плитко дишење и недостиг на здив, како и напади на паника кај оние што се склони кон тоа
Кардиоваскуларен систем.
Срцето ти чука побрзо и посилно за да ја пренесе крвта низ твоето тело. Крвните садови се шират или се стеснуваат за да ја насочат крвта онаму каде што е најпотребна во телото како, на пример, во мускулите. Преголемиот стрес може да води до:
висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар
Ендокрин систем.
Твоите жлезди ги создаваат хормоните адреналин и кортизол, што му помага на телото да се справи со стресот. Твојот црн дроб го зголемува нивото на шеќерот во крвта за да ти даде повеќе енергија. Преголемиот стрес може да води до:
дијабетес, промени во расположението, покачување на телесната тежина, намален имунитет и зголемена подложност на болести
Дигестивен систем.
Поради стресот доаѓа до нарушување во процесот на варење на храната. Преголемиот стрес може да води до:
мачнина, повраќање, дијареја, запек
Репродуктивен систем.
Стресот може да ја намали сексуалната желба и да го наруши функционирањето на репродуктивниот систем. Преголемиот стрес може да води до:
импотенција, нарушување на менструалниот циклус
Сакај, патувај, прегрнувај, бакнувај - 4 зборчиња кои во главата создаваат совршено среќна слика.
Кој рече дека животот не е прекрасен? Треба само да уживате во него!
1. Утрото започнува со кафе и добра книга. Најдоброто утро започнува со бакнеж и прегратка. Па ако ништо друго, прегрни ја книгата.
2. Смеј се кога имаш шанса и биди во близина на луѓе кои ја развлекуваат твојата насмевка.
3. Спакувај ги куферите и патувај со пријателите. Создади спомени и нови фотографии.
4. Прегрни ја саканата личност. Остани така барем 10 секунди.
5. Почни да учиш некој јазик. Италијанскиот на пример, е неодоливо секси.
6. Биди задоволен со она што го имаш, но секогаш бори се да го добиеш и она што го немаш.
7. Бакнувај се. Почувствувај ги пеперутките во стомакот!
8. Посвети му еден ден на твоето здравје. Трчај, играј, подготви здрав шејк, заслади се со овошна салата...
9. Следи ги своите соништа! Ако понекогаш те плашат, тоа е сосема во ред - значи дека се доволно големи и значајни.
10. Научи и тренирај како да бидеш среќен. Чекор по чекор и ќе успееш!
Многу луѓе мислат дека среќата е нешто неочекувано што не потклекнува на дефиниција и во кое едноставно веруваш (или пак не веруваш). Сепак, британскиот психолог Ричард Вајсман има друго мислење. Според него, среќата следи посебни нешта кои се поврзани со нашето однесување, начин на живот и размислување. Еве што велат неговите совети за среќа сумирани од BrightSide. 1. Проширете ги можностите. Прекумерна концентрација врз она што го имаме (или не) во животот ни го одвлекува вниманието од пребарувања, искуства и создавање на нови нешта. Чувајте ги очите и умот отворени. Не чекајте работите да се случат. Бидете господари на вашиот живот и не плашете се од непознатото. 2. Слушајте ја вашата интуиција. Среќниците ги слушаат сигналите кои телото и умот им ги праќаат и учат да ги применуваат правилно. Исчистете го умот од вообичаените сомнежи и тензии и обидете се да се дружите со вашиот внатрешен глас. Еден начин е да започнете со размислување. 3. Очекувајте да имате среќа „Среќа е да верувате дека сте среќни“. Овој став им помага на повеќето луѓе да одржуваат позитивен и оптимистички став, без оглед на околностите. Наместо да губите енергија, очекувајќи да се случи нешто лошо, употребете ја на повеќе позитивен начин.