Здрава исхрана е конзумирање на здрава, разновидна и по можност што помалку обработена храна. За да ги обавува дневните активности и за да биде здраво, човечкото тело има потреба од 90 есенцијални хранливи материи што се неопходни за нормален раст, развој и многу други процеси: 60 минерали, 16 витамини, 12 амино киселини и 3 незаситени масти.
Со конзумирање на различни видови на храна се добиваат сите потребни хранливи материи. Но покрај разновидноста на храната, важен е и начинот на приготвување на храната, количината на храната и нејзината содржина. За човек правилно да се исхранува потребно е да знае дека вкусната храна не е и здрава храна. Според голем број на истражувања се смета дека лек за многу болести, но и превентива за нив, ќе биде пред се здрава и урамнотежена исхрана.
Здравата исхрана подразбира што е можно повеќе сирова храна како свежото овошје и зеленчук и помалку варена, печена или комплетно изоставување на пржена храна.
Здравата исхрана е неопходна за секој човек. Луѓето често го нарекуваат тоа диета, а има голема разлика од практикување на балансиран режим на исхрана до диета. Ние сме тука да те научиме која е разликата. Ригорозна исхрана во која се отстранети одредени макронутриени, како што се јаглехидрати или масти, не е начин за да ја достигнеш твојата цел, која и да е.
Зголемувањето или намалувањето на телесна тежина/телесни масти/мускулна маса се сведува на една формула – калориите што ги конзумираме секој ден наспроти калориите што ги трошиме во текот на еден ден.
Ако внесуваме повеќе калории од што ни е потребно, ќе зголемуваме на телесна тежина/мускулна масти (и телесни масти- ако внесот е многу повеќе од што ни треба), односно ќе бидеме во калориски суфицит.
Ако внесуваме приближно исто калории колку што трошиме во текот на еден ден, прогресот веројатно ќе ни стагнира. Ако внесуваме помалку калории од што трошиме, ќе намалуваме на телесна тежина/телесни масти, односно ќе бидеме во калориски дефицит.
Ова е таблица во која може да видете колку калории има во одредени производи.Се однесува на 100 гр производи, доколку друго не е назначено.