Кажува Катерина Ангеловска (тренер за личен и духовен развој, автор и говорник)
На почетокот кога се запознав со процесот медитација, секогаш ога сакав да медитирамми беше тешко да си го смирам умот и сите мисли кои ми доаѓаа. Не можев да се фокусирам и барав начин како чекор по чекор да дојдам до фаза каде едноставно ќе бидам во состојба на релаксација. Водечките медитации беа вистински благослов кои ми помогнаа воовој процес. Што е водечка медитација? Во медитацијата целиот процес го води трето лице. Говорникот не доведува во алфа-состојба на умот. Ние сме будни и свесни додека слушаме, но не спиеме тукувлегуваме во релаксирана медитативна состојба. Многу е важно во целиот овој процес да сме со отворен ум, опуштени и да веруваме дека промените се случуваат. Овој вид медитација ќе ви помогне во еден долг период со бришење на вашите програми, совладување на стравовите, длабока релаксација, отпуштање на мислите, намалување на појавите на негативно или ирационално размислување, подобрување на физичка и ментална способност итн. Овој начин на медитирање ми помогна чекор по чекор да го смирам движењето на мислите во мојот ум, да започнам сосебеспознавање, и ми даде предзнаење и насока за да продолжам потоа самостојно да медитирам. Ве повикувам најпрво да започнете со водечки медитации, преку кои ќе откриете колку едноставна и трансцендентна е медитацијата.
Оваа онлајн медитација многу ќе ви се допадне, приклучете се и вие на онлајн медитациите што ги води Катерина Ангеловска!