Вкусна и деликатесна вечера или ручек – Полнети печурки со младо кромитче, маслинки и белка од јајце. Навистина неодолив вкус кој ќе ги задоволи сите ваши сетила.
Потребни состојки (за една порција):
10-тина поголеми шампињони
4 млади кромитчиња
3-4 зелени маслини
белка од 1 јајце
1 лажици маслиново масло
малку сол и црн бибер
зелена салата по избор (марула, рукола, спанаќ и сл.).
Начин на подготовка:
Првин измијте ги убаво печурките и внимателно извадете им ги дршките. Потребно е внатрешниот дел да остане вдлабнат (дршките можете да ги чувате и следниот ден да ги искористите за подготовка на вкусна крем супа од печурки – рецепт пронајдете тука).
Кромидот сите насечкајте го заедно со маслинките. Во тавче што не лепи додајте 1 лажица маслиново масло и загрејте, па додадете го насечканиот кромид и маслинки. Сосема кратко запржете 1-2 минути и потоа тргнете од оган. Почекајте малку да се излади.
Во друг сад убаво изматете ја белката и во неа додадете го запржениот кромид и маслинки. Зачинете со малку сол и црн бибер и започнете да ги полните печурките. Внимателно со лажица ставајте од содржината во внатрешноста на секоја печурка.
Плехот во кој планирате да ги печете печурките попрскате го сосема малку со маслиново масло или пак ставете хартија за печење. Наредете ги полнетите шампињони и оставете ги да се печат 15-20 минути во загреана рерна на температура од 200°С.
На крај комбинирајте ги со зелена салата по ваш избор.
Добар апетит!
Црна лимона за елиминирање на токсините акумулирани во дигестивниот тракт. Овој напиток е одличен за прочистување на телото затоа што активниот јаглен има голема моќ за адсорпција и врзување на токсините од дигестивниот тракт.
Потребни состојки:
сок од 1 лимон
200 ml вода
¼ лажичка активен јаглен или ½ столчена таблета
неколку коцки лед.
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во чаша, додадете неколку коцки лед и послужете.
лимон – содржи голем процент на витамин Ц кој е моќен антиоксиданс (еден лимон дневно задоволува 50% од дневните потреби за витамин Ц), супстанците диосмин и хесперидин кои се наоѓаат во лимонот помагаат за намалување на вкупниот холестерол во крвта, лимонот го прочистува црниот дроб и помага за алкализирање на телото.
активен јаглен – медицинскиот јаглен има силни адсорбирачки својства, внесен орално го обложува дигестивниот тракт и ги врзува токсините и штетните материи внесени во организмот.
*медицинскиот јаглен многу често се користи кај инфективни болести на дигестивниот тракт бидејќи има голема адсорпциска моќ, се препорачува да се применува краток период, нема нус појави и е безбеден да го консумираат и деца, бидејќи активниот јаглен има моќ да врзува и неутрализира и одредени лекови, треба да не се консумира 2 часа пред и после пиење на терапија.
2-3 цврсти домати
2 парчиња целер
1 морков
1/4 до 1/2 цвекло
2 моркови
1 цвекло
1 лимон
Ставете се во блендер или соковник и уживајте.
Сочен и неодолив! Интересен начин да ги искористе вишокот јаболка дома. Подготете го овој брз колач и уживајте во убава арома на печени јаболка и цимет.
Потребни состојки:
1 јајце
2-3 лажици мед
1 чаша гриз
100 g сецкани ореви
200 ml бадемово/ кокосово млеко
2-3 рендани јаболка
100 ml маслиново масло
2 лажици интегрално брашно
1 прашок за пециво
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 200°С.
Јајцето убаво измешајте го со медот, можете да употребите и миксер.
Измешајте ги сите други состојки заедно и додадете ги јајцето и медот, мешајте повторно дури смесата убаво не се соедини.
Во калап за печење ставете хартија за печење и истурете ја смесата.
Печете околу 30 минути однесно додека не видите дека колачот лесно се дели од калапот.
На крај доколку сте љубители на аромата на циметот посолете одозгора.
Доколку не ги сакате оревите би можеле да ги замените со бадеми или лешници. Насечете го колачот на парчиња и складирајте го во соодветен сад во фрижидер.
На здравје!!!
Идеален ниско калоричен десерт богат со здрави масти. Сировото какао ви дава енергија и е богато со антиоксиданси, а маката во прав помага во стабилизирање на хормоните.
Повеќе за тоа што претставува маката можете да прочитате тука.
Состојки за 4 порции:
3 зрели авокада
5 полни супени лажици сирово какао
3 супени лажици мед (одземете или додадете по желба)
неколку лажици млеко од бадеми (може да се прескокне)
1 мала лажица мака во прав (може да се прескокне)
малку морска или хималајска сол
малку бурбон ванила во прав
сецкани лешници за декорација.
Подготовка:
Со рачен миксер или блендер згмечете ги авокадата. Додадете ги останатите состојки освен сецканите лешници и продолжете да миксате додека смесата не се соедини.
Декорирајте со лешници.
Пријатно јадење!
Ова е одличен десерт кој во овие топли денови совршено се комбинира со ладна чаша нес кафе.
Потребни состојки:
за кора:
½ чаша овесни снегулки
½ чаша интегрално пченично брашно
1 јајце
рендана кора од лимон
1 лажица мед или стевиа
½ чаша соино млеко или јогурт
за фил:
1 чаша соино или бадемово млеко или пак мешавина по половина
сок од 2 лимони
2 кесички желатин
1 лажичка стевиа
какао за посолување одозгора.
Начин на подготовка:
Сувите состојки потребни за подготовка на кората измешајте ги заедно во еден подлабок сад. Соиното млеко или јогуртот изматете го заедно со јајцете и медот или стевиата и додадете ја течната смеса на сувата. Убаво соединете и на крај изрендајте малку кора од лимон. Печете ја кората на 180°С околу 20-тина минути дури не зарумени.
За подготовка на белиот фил најпрвин загрејте го млекото. Претходно подгответе го желатинот така што ќе го растворите со 2 лажици ладна вода и ќе го оставите да стои околу 10-тина минути. Кога желатинот ќе ја впие водата, додадете го во загреаното млеко, но внимавајте да не врие и убаво мешајте дури не се растопи целосно. Тргнете од оган и додете го сокот од лимон и стевиата и убаво уште еднаш измешајте. Прелијте ја тортата со филот и одозгора наросете малку какао.
Оставете ја во фрижидер да се стегне минимум 2 часа, иако најдобро е да стои преку ноќ.
Добар апетит!
Направете здрави, брзи, лесни и вкусни чоколадни бомбици кои не дебелеат.
Состојки :
170 гр. урми
120 гр. ореви
30 гр. какао
прстофат сол
2-3 лажици вода (ако затреба- не е задолжително)
Од три здрави состојки солидно вкусна енергетска смеса - за чокољупците создадена.
Постапка како јас ги направив
- Во сецкото ставете ги веќе исчистените и пресовани урми (нели такви ги има во трговијата), ги додавате оревите, какаото и водата. Целото ова треба да се добро измеша и да се добие фина компактна смеса. Извадете ја смесата и формирајте форми кои вие ќе сакате да ги имате. Јас правев бомбички, големината ја одредував со тоа што црпев по 1 лажичка од смесата.
- Формирани бобмичките ставајте ги на хартија за печење за да не ви се залепат на подлогата.
Откако сте ги формирале посипете со какао, можете со грубо сецкани ореви, кокос или мелени ореви.
Напомена
Оригиналниот рецепт вели дека урмите прво треба да се исчистат од семките, треба да се потопат во вода и да одстојат околу 10 минути и доколку сакате можете да ги излупите. Доколку користите од свежите урми - нели и нив ги има во трговијата, направете го истото но да одстојат во водата само 5 мин.
Јас ја упростив оваа цела постапка така да купив од веќе сомелените урми, исчистени од семките - ги ставив во сецкото со останатите состојки и за 5 мин. добив убава смеса за формирање, но ставив 3 лажици вода. Ако работите со цели урми кои ќе ги ставите да стојат во вода тогаш нема да е потребно додавање на водата. Тие веке се доволно меки и сочни.
Иако нема чоколада во нив... непцата ви кажуваѕ дека јадете квалитена чоколада.
Одлични, само 3 состојки, потребно ми беше само 15 мин. за да ги поставам на тањирот. Доколку дозволете да одстојат барем 5-6 часа.. е тогаш веке вкусовите се соединети и навистина голем шмек имаат. Можат да стојат во фрижидер до 10 дена добро запакувани во кутија.
Совет до чокољупците... веднаш правете дупла доза.
Нека ви е слатко!
Многу е едноставно и брзо затоа што туната совршено се комбинира со повеќе зеленчуци. Можете да направите салата од марула, пченка, кромид и рендани моркови и да ја зачините со маслиново масло, хималајска сол и сок од лимон.
Совршен, брз ручек кој содржи помалку од 400 калории.
Интегралните лепчиња премачкајте ги со путер и малку моцарела и кратко запечете ги. На крај додадете свеж домат и многу малку босилек. Ќе добиете совршен, лесен оброк. Бројот на калории кои ќе ги внесете ќе зависи од лебот што го користите и секако од количината која ќе ја изедете. Но, сепак две-три вакви интегрални лепчиња нема да бидат повеќе од 400 калории.
Се што ви треба за подготвка на овој здрав намаз се јаткасти плодови по избор, ванила и цимет за арома, засладувач и малку сол.
И одличен блендер!
Јатките прво испечете ги, а потоа ставете ги во блендер во следниве комбинации:
индиски ореви + ванила
бадеми + цимет
ореви + јаворов сируп
кикирики + сол
Ако повеќе го сакате вкусот на чоко-лешник, пробајте го Здравиот Нутела Крем!
Намачкајте на интегрален леб и уживајте!
Внимателно, ова е сепак висококалоричен десерт.