Сите луѓе имаат внатрешен „биолошки часовник“ кој влијае на „шемата“ за спиење.
Здрави возрасни личности во просек спијат од 8 до 8 и пол часа во текот на ноќта. Но потребата за спиење варира од човек до човек. На некои луѓе им се доволни и 6 до 7 часа, а на некои и повеќе од 9 часа спиење во континуитет во текот на ноќта, за да можат да функционираат во текот на денот. Потребата за спиење се менува и во текот на животниот циклус. Новороденчињата спијат помеѓу 16 и 18 часа вкупно во текот на денот, а децата на предучилишна возраст помеѓу 11 и 12 часа. На децата што одат во училиште и на адолесцентите им се потребни околу 10 часа сон секоја вечер.
Сепак, и одредени состојби и фактори, исто така, имаат влијание врз должината на спиењето. Пред сè, станува збор за одредени професии, количество стрес, физички активности, бременост, одредени заболувања и сл. Поради сето ова, прилично е тешко да се одреди вистинската доза на дневните потреби за сон.
Времето поминато во спиење не секогаш значи добар ревитализирачки сон. Дали сонот ги наполнил батериите е заемно поврзан од времетраењето на спиењето, времето на легнување и интензитетот на сонот. Легнувањето во секогаш утврдено време може да биде гаранција за добар сон. Доколку, пак, спиењето е испрекинато, плитко и проследено со чести будења во текот на ноќта, нема да пружи квалитет, дури и временски да спиеме подолго. Еден од најлесните начини да се утврди дали сонот бил доволен и квалитетен, се знаците на поспаност кои се појавуваат во текот на денот.
Емпириски е докажано дека здравиот сон е најважниот фактор за животна долговечност, дури и повлијателен од исхраната, вежбањето или генетското наследство. А сепак, многумина од нас не обрнуваат внимание на тој факт и не внимаваат на тоа кога си легнуваат, спијат неуредно, се будат среде ноќ и стануваат уморни.
Стотици илјади луѓе ширум светот се соочуваат со многу здравствени проблеми како последица на недијагностицирани и нелекувани проблеми со спиењето. Не толку драматична како медицинската, но подеднакво загрижувачка реалност е и фактот што околу нас постојат луѓе кои секојдневно се уморни и исцрпени поради тоа што не знаат како да го решат проблемот со спиењето.
Многу луѓе можат да си ги подобрат животите, кога би знаеле само неколку од основните начела на здравото спиење.
Токму затоа ви откриваме неколку препораки и совети за тоа како да спиете подобро и како да го одржите сонот квалитетен. Потребни се неколоку минимални промени во навиките. Здравото спиење може да се научи!
Настојувајте секој ден да си легнувате во исто време. На тој начин го тренирате вашето тело секогаш во исто време да биде спремно за спиење
Извршете една мирна активност секој ден пред да си легнете, на пример напијте се чај, читајте книга или слушајте релаксирачка музика
Одете на вечерна прошетка на отворено, на тој начин ќе си обебзедите здрав физички замор
Проветрете ја собата пред спиење, затемнете ја, обезбедете тишина и ладна температура
Истуширајте се со топла вода пред спиење
Медитирајте пред спиење, на тој начин ќе го ослободите умот
Премногу топла спална соба е контрапродуктивна за сонот
Не практикувајте физичка активност и вежбање пред спиење, затоа што дури и наједноставните вежби може ве одржат будни во следните неколку часа
Непосредно пред спиењето, особено после вечерата избегнувајте кока кола, чоколади, и напитоци кои содржат висок процент на кофеин
Храната и течностите треба да ги консумирате три до четири часа пред спиење, затоа што оброците кои се внесуваат пред спиење му пречат на организмот
Исклучете го телевизорот на време, барем еден час пред спиење
Сонот е значаен и за телесното и за духовното здравје. Затоа, никогаш повеќе не го игнорирајте сознанието за важноста на здравото и квалитетно спиење, и не дозволувајте да ја плаќате со своето здравје цената на несоницата.