Секоја мисла, секој кажан збор, нашиот внатрешен и надворешен дијалог, се е афирмација. Без разлика дали нештата ги мислиме или кажуваме во љубов или страв, во лутина или бес, љубомора или осуда,ние постојано нешто повторуваме, афирмираме. Тој процес на потврдување го создава нашиот животен тек во секој миг. Секој збор и секоја мислакоја ја упатуваме кон етерот, е афирмација. Секој збор што го искажуваме кон нашиот пријател или непријател е афирмација. Афирмацијата е нашата намера, претворена вомисла или зборови, која се преточува во емоција, притоа вибрира на одредена фрекфенција и влијае врз материјата. Афирмацијата го активира законот за привлечност.
Во текот на еден ден во нашиот ум поминуваат 66 000 мисли, а поголемиот дел од нив се неативни. Ние сме вистински мајстори несвесно да мислиме негативни нешта и да кажуваме не на се и сешто. Како мали секогаш ни велеа не! Немој да бидеш себичен, не допирај го тоа, не можеш да бидеш тоа што сакаш...Сите овие ''не'' афирмации кои ни билеупатувани станале наша реалност. Со секојдневните мисли и зборови кои ги мислиме и ги кажуваме, себеси и на другите, ние ја менуваме сопствената енергија, без разлика дали зборот е упатен кон нас во форма на избувлива самокритика или пак е упатен од бес и лутина кон некој друг. Во двата случаја афирмацијата си ја упатуваме себеси.
Доколку сте нервозни и имате желба некого да навредите, подобро не правете го тоа. Избројте до 10 и променете ја мислата. Затоа што секој укажан збор кон кого било, е наша лична самонасочена афирмација. Секој збор што го искажуваме влијае врз нашата вибрација. Доколку искажеме некаков погоден збор кон некого, пред се ја менуваме и ја намалуваме својата лична фрекфенција и го привлекуваме она кое не го сакаме. Секој кажан збор ни се враќа како бумеранг. Затоа никогаш не пропуштајте можност да бидете љубезен кон другите. Покажете почит кон келнер, таксист, вработен на шалтер, листач и други. Бидете љубезни без причина кон сите луѓе, кажете им добар ден, ве мола, благодарам. Насмевнете му се на минувачот. Повторувајте им на членовите на семејството колку ги сакате. Не озборувајте, не жалете се и не поддржувајте некого кој гоправи тоа.