Медитација е техника која ги развива телото, умот и духот и која дава длабока состојба на емоционална опуштеност и ментална смиреност. Медитацијата е состојба на ум која не е јаве, и не е сон.
Медитацијата е состојба на трансценденција. Таа е есенцијална, затоа што патот кон просветление е внатрешно патување. Медитацијата ни помага да го слушнеме внатрашниот глас и да ги добиемевистинските одговори. Стануваме успешни во соочување со најтешкиот соперник-со самиот себе. Овој процес ни помага да се осознаеме себеси, да се разбудимеи да доживееме чиста свесност. За првпат во нашиот живот ни е пријатно во сопственото друштво. Запомнете дека има голема разлика меѓу тоа да бидеме сами и да бидеме осамени. Чувствувањето пријатност во сопственото друштво е чекор во искачување на следното ниво воличниот духовен развој.
Медитацијата се практикува повеќе илјадници години. Најпрво била наменета да им помогне на луѓето во продлабочување на древните и мистични сили на животот. Денес во западниот свет таа вообичаено се користи за релаксација и намалување на стресот. Медитацијата како техника е вчудовидувачки едноставна и лесна за практикување. Може да се применува повеќепати во текот на денот, најчесто преку повторување на мантра. Медитацијата придонесува за значајни подобрувања во секој аспект: умот, телото, однесувањето и снаоѓање во општеството. За позитивните ефекти од медитациите можеме да видеме и да прочитаме насекаде. Во последните години стотици истражувачки студии научно ги докажаа здравите ефекти на медитацијата. И навистина луѓето ја користат за да го намалат стресот, да ја зголемат самосвеста, и да се чувствуваат поврзни со своето вишо јас. Во последните години расте бројот на научните и медицинските истражувања за утврдување на придобивките од практикувањето медитација. Еве дел од нив:
Доведува до внатрешен мир
Ослободува од стресот
Ги поттикнува креативноста иинтуицијата
Овозможува мирен сон
Ја урамнотежува емотивната состојба
Ја подобрува комуникацијата со себе и со другите
Ја подобрува виталноста на организмот
Подмладува
Ги подобрува кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем
Ја зголемува енергијата и ја подобрува фрекфенцијата
И уште многу другуи позитивни придобивки