Секојдневна полуношница

Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на животот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши!

Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин!

Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости, заради Твоето име. Господи помилуј! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Дојдете да се поклониме на нашиот Цар и Бог. Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа, нашиот Цар и Бог. Дојдете да се поклониме и да паднеме пред самиот Христа, наш Цар и Бог.(три пати)

ПСАЛМ 50 Покајничка молитва

1 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои.

2 Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев,

3 зашто престапите мои ги знам и мојот грев е секогаш пред мене.

4 Против Тебе, само против Тебе згрешив и пред Тебе зло извршив, така што Ти си праведен кога ќе пресудуваш и беспрекорен кога ќе судиш.

5 Ете, грешен сум роден, грешник уште од кога ме зачна мајка ми.

6 Ти ја сакаш вистината во срцето, и внатре во мене ме учиш на мудроста Твоја.

7 Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег.

8 Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби.

9 Одврати го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија.

10 Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене.

11 Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

12 Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене.

13 Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите патишта, ѝ кон Тебе ќе се обраќаат.

14 Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже на моето спасение, и јазикот мој ќе пее за Твоето избавување!

15 Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја;

16 зашто, жртви не ти се мили, кога би ти принел сепаленици, Ти не би ги примил.

17 Жртвата пред Бога е скрушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.

18 Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, обнови ги ѕидовите ерусалимски.

19 Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

Симболот на верата

Верувам во единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;

И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Кој е роден од Отца пред сите векови, Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински роден, нестворен, едносуштен на Отца, преку кого сè станало;

Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;

И беше распнат заради нас во времето на Понтијскиот Пилат и страдаше и беше погребан;

И вискресна во третиот ден според Писмото;

И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца;

И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај;

И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отца, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел пророците;

Во една света, соборна и апостолска Црква;

Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;

Го чекам воскресението на мртвите;

И животот во идниот век. Амин!

Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата кого буден ќе го најде, а недостоен е оној што ќе го најде безгрижен. Затоа, внимавај, душо моја, да не те надвладее сонот, да не бидеш предадена на смрт и да не останеш надвор пред заклучените врати на Царството, туку сепни се и извикај:

Свет, Свет, Свет Си, Боже, заради молитвите на Богородица, помилуј не.

Слава:

Кога ќе помислиш за оној страшен ден, биди будна, душо моја, пали ја твојата свеќа, светли со милосрдност, зашто не знаеш кога ќе стигне до тебе гласот кој ќе ти рече: „Еве Го Младоженецот!" Затоа гледај душо моја, да не задремеш и да не останеш надвор да тропаш како петте девојки, туку на штрек чекај да Го сретнеш Христа со чист елеј, a Тој ќе ти даде божествено живеалиште во Својата слава.

И сега:

Тебе, Богородице Дево, силна оградо и тврдино на нашето спасение, Ти се молиме: уништи ги кроежите на противниците, тагата на Твоите луѓе претвори ја во радост, закрепи го Твојот град, помагај му на нашиот народ, моли се за мир во светот. Богородице, Ти си наша надеж.

Господи, помилуј! (40 пати)

Христе Боже, на Кого во секое време и во секој час на небото и на земјата се оддава поклонување и слава, Кој си долготрпелив, многумилостив и благ, праведните ги сакаш, грешните ги милуваш и сите ги повикуваш кон спасение и им ги ветуваш Твоите идни блага. Ти сам, Господи, прими ги и нашите молитви во овој час, упатувај го животот наш кон Твоите заповеди, освети ни ги душите, очисти ни ги телата, помислите наши исправи ги, мислите очисти ги и избави не од секаква тага, лошотии и болести. Огради не со Твоите свети ангели, та пазен и раководени од нивното воинство, да постигнеме единство во верата и познавање на Твојата недостапна слава, зашто си благословен во сите векови. Амин!

Господи, помилуј!(трипати)

Слава: И сега:

Ако е Велигденски пост, се чита и оваа молитва, со поклони:

Господи и Владико на мојот живот, не ми давај дух на мрзливост, очајание, властољубие и празнословие.

Но мене, на Твојот слуга, подари ми дух на целомудрие, смирение, трпение и љубов.

О, Господи Цару, дај ми да ги согледам моите согрешенија и да не го осудувам мојот брат, зашто си благословен во вековите на вековите. Амин!

Потоа и оваа молитва:

Владико Боже, Отче Седржителу, Господи, Сине Единороден, Исусе Христе и

Свети Душе, едно божество една сила, смилувај се на мене грешниот и како што Ти е угодно спаси ме мене, недостојниот Твој слуга, зашто си благословен во вековите на вековите. Амин!

Дојдете да се поклониме на нашиот Цар и Бог. Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа, нашиот Цар и Бог. Дојдете да се поклониме и да паднеме пред самиот Христа, наш Цар и Бог.(три пати)

ПСАЛМ 120

Ги кревам моите очи кон планините, откаде што ќе дојде мојата помош. Помошта ми е од Господа, Кој го создал небото и земјата. Тој не ќе даде да се разнишаат твоите нозе, ниту ќе задреме Оној што те чува. He дреме и не спие Оној што го чува Израилот. Господ е чувар: Господ е твоја закрила од кон твојата десна рака. Сонцето не ќе те изгори дење, ниту месечината ноќе; Господ ќе те сочува од секакво зло; Господ ќе ја чува твојата душа; Господ ќе го пази твоето влегување и излегување од сега и довека.

ПСАЛМ 133

Ете, сега благословете Го Господа сите слуги Господови, вие што стоите во храмот Господен, во дворовите од домот на нашиот Бог. Ноќе кренете ги своите раце кон светилиштето и благословете Го Господа. Ќе те благослови Господ од Сион, Кој го создаде небото и земјата.

Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на животот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши!

Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин!

Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости, заради Твоето име. Господи помилуј! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Тропар, Глас 2:

Господи, како Благ, спомни ги Твоите чеда и прости им се што згрешиле во животот, зашто никој освен Тебе не е безгрешен. Само Ти можеш и на починатите да им дадеш покој.

Господи, единствен Создател, Кој раководиш сe со длабока мудрост и човекољубие и на сите им даваш она што е полезно, успокој ги душите на Твоите чеда, зашто сета нивна надеж беше во Тебе, нашиот Бог и Создател.

Слава: (Кондак)

Со светите, Христе, успокој ги душите на Твоите чеда, таму каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, туку живот вечен.

И сега: (Богородичен)

Сите родови Те именуваме блажена, Богородице Дево, зашто невместливиот Христос, нашиот Бог, благоволил да се вмести во Тебе. Блазе и нам, зашто Те имаме за наша заштитница. Ти се молиш за нас и дење и ноќе и по Твоите молитви владеат управителите. Те воспеваме: радуј се, Благодатна, Господ е со Тебе!

Господи, помилуј! (12 пати)

Спомни ги, Господи, нашите отци и браќа, кои умреа со надеж во воскресението и вечниот живот, спомни ги сите што умреле во набожност и вера, прости им се што згрешиле волно и неволно, со зборови, дела и помисли. Насели ги во места светли, места проладни, места мирни, од каде што исчезнала секаква болка, тага и воздишка, каде што грее светлината на Твоето лице и ги весели сите кои се од векот Твои светила. Подари им го ним и нам Твоето Царство и учеството во неискажливите и вечни Твои блага, за радување од Твојот бескраен и вечен живот. Зашто Ти си, Христе Боже наш, живот, покој и воскресение на сите починати Твои чеда; Тебе Те прославуваме со Беспочетниот Твој Отец, со Пресветиот, Благ и Животворен Твој Дух, и сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!

Преславна и вечна Дево, Мајко на Христа Бога, принеси My ја нашата молитва на Твојот Син и нашиот Бог, преку Тебе да ги спаси нашите души.

Мојата надеж е Отецот, Синот ми е помош, а Светиот Дух - засолниште, Света Троице, слава Ти,

Слава, и сега:

По молитвите на Светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, смилувај се на нас.

На саботната полуношница, по Символот на верата и Отче наш, се земаат овие

Тропари, Глас 2:

Несоздаден, Создателу на се; отвори ги нашите усти за да Те славиме, велејќи: Свет, Свет, Свет Си Боже, заради Богородица, смилувај се на нас.

Слава:

Им подражаваме, ние земните, на горните сили и Ти ја принесуваме, Благи, победната песна: Свет, Свет, Свет Си Боже, заради Богородица, смилувај се на нас.

И сега:

Од постела и од сон ме крена Господи, просвети ми го умот и срцето и отвори ми ја устата за да Те воспевам, Света Троице: Свет, Свет, Свет Си Боже, заради Богородица, смилувај се на нас.

Ha неделната полуношница се земаат следниве тропари:

Глас 2:

Навистина е достојно да Те славиме Тебе, Бога Слово, од Кого треперат и се плашат херувимите и Те слават небесните сили. И ние со страв да Го прославиме Христа, Кој воскресна тридневно од гробот и живот ни подари.

Се поклонуваме на Отца Бога, Беспочетен, на Беспочениот Син и Дух и со песни го прославуваме трисончевото единство, неразделно соединето и единствено суштество.

Со страв да Го прославиме Христа, Дародавецот на животот, Кој неискажливо се воплоти од Дева, од Кого треперат херувимите и Кого небесните сили Го прославуваат.

Пречиста Дево, целото создание се исполни со неискажлива радост кога Го виде Твојот Син воскреснат; ние Него Го славиме и Тебе Те величиме.