Молитва против уроци

КОН ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА

Господи, Боже наш, Седржителу и Сè силен, Лекару на душите и телата и Тврдино на сите кои на Тебе се надеваат! Тебе Ти се молам и од тебе просам: отргни од Твојот раб (рабина) (името) секакво ѓаволско влијание, секакво сотонско помрачување и напаѓање, секаква лукава итрина и штета. Обезвредни го секое злобно влијание на завидливите и злобни луѓе, предизвикано од лош поглед или злобна мисла и желба. Сам Ти, Човекољубив Владико, простри ја Својата десница и спротивстави ја Својата мишка наспроти секоја подлост и посети го ова Твое создание со Твоето Милосрдие, испраќајќи му мирен, силен и верен ангел пазител на душата и телото, за да го (ја) заштитува од секаква злоба и уроци, па сочуван-а од Тебе да биде овој Твој раб (рабина) здрав-а и неповреден-а наспроти секаква подлост, напаѓање на сотоната и со благодарност да вели: „Господ ми е помошник и нема да се уплашам. Што може да ми направи човек?“... и уште: „Нема да се уплашам од злото, зашто Ти (Господи) си со мене!“ О, Господи Боже наш, сожали го Твоето создание и избави го Твојот раб (рабина) (името) од секакво зло, секаква штета, искушение, огин и од сè што предизвикува уроци, по молитвите на Преблагословената и Славна Владичица наша Богородица, и Приснодева Марија, по застапништвото на светловидните ангели и по молитвите на сите светии. Амин!