На Тебе, мојот Господ и Создател, Единствениот Бог, Кого Го прославувам и на Кого му се поклонувам во Светата Троица - Отецот, Синот и Светиот Дух, ги исповедам сите мои гревови што сум ги направил во деновите на мојот живот и во секој час, со дела, зборови, мисли, гледање, слушање, со сите сетива душевни и телесни, со кои Те разгневив Тебе, мојот Бог и Создател, а на моите ближни им направив неправда и зло. За сите овие гревови жалам, признавам дека сум виновен пред Тебе, мојот Бог, имам желба да се покајам, Господи, Боже мој, со солзи и смирено Ти се молам, помогни ми. По Твоето милосрдие прости ми ги прегрешенијата и ослободи ме од нив, зашто си благ и човекољубив.