Боже, во помош моја поитај, Господи, да ми помогнеш побрзај. Нека отстапат и нека се посрамат тие што душата моја ја бараат. Да отстапат и да се засрамат тие што зло ми посакуваат. Посрамени да се вратат оние што со потсмев велат: “Ако му, ако му е!” Нека се зарадуваат и возвеселат со Тебе оние што Тебе Те сакаат, Боже, и оние кои спасението Твое го љубат нека зборуваат непрестано: “Да се возвелича Господ!” Јас, пак, ништ и беден сум, Боже, помогни ми. Помошник мој и Избавител мој Ти си, Господи, немој да задоцниш!