Спомни ги, Господи, нашите отци и браќа, кои умреа со надеж во воскресението и вечниот живот, спомни ги сите што умреле во набожност и вера, прости им се што згрешиле волно и неволно, со зборови, дела и помисли. Насели ги во места светли, места проладни, места мирни, од каде што исчезнала секаква болка, тага и воздишка, каде што грее светлината на Твоето лице и ги весели сите кои се од векот Твои светила. Подари им го ним и нам Твоето Царство и учеството во неискажливите и вечни Твои блага, за радување од Твојот бескраен и вечен живот. Зашто Ти си, Христе Боже наш, живот, покој и воскресение на сите починати Твои чеда; Тебе Те прославуваме со Беспочетниот Твој Отец, со Пресветиот, Благ и Животворен Твој Дух, и сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!