Неосквернета, неопетнета чиста, пречиста Дево, Богоневесто Владичице, преку Твоето преславно раѓање, си го соединила Бога - Слово со луѓето и си ја собрала отфрлената природа на нашиот род со жителите на Небесата. Ти си надеж на очајните, Ти си помош на борците, Ти си готова закрила на оние кои доаѓаат кај Тебе, Ти си заштитница на сите христијани. He се гнаси од мене грешниот и нечистиот, кој со срамни помисли, зборови и постапки се направив сосема негоден, и, поради лекомислие, сознателно станав роб на животните наслади. Но, бидејќи си Мајка на човекољубивиот Бог, човекољубиво смилувај се на мене грешниот и блудниот и прими ја мојата молитва што Ти ја принесувам со нечиста уста. Послужи се со Твојата мајчинска слобода и номоли Го Твојот Син и наш Владика и Господ, да го отвори за мене човекољубивото срце на својата богост и, без да гледа на безбројните мои прегрешенија, да ме обрати кон покајание и да ме направи опитен исполнител на своите заповеди. Ти си милостива и добролљубива, биди секогаш со мене. Во сегашниот живот биди ми топла застапница и помошница, прогонувај ги неиријателските напади и води ме кон спасение. Во часот на мојата смрт запази ја мојата душа и отстрани ги далеку од неа мрачните виденија на лошите духови. А во страшниот ден на Судот, избави ме од вечната мака и направи ме наследник на неискажливата слава на Твојот Син и нашиот Бог, која да ја примам, Владичице моја, преку Твоето посредништво и застапништво, по благодатта и човеколљубието на Твојот Единороден Син, Господ и Бог и Спасител наш, Исус Христос. Нему му прилега слава, чест и поклонување, со Неговиот беспочетен Отец и со Пресветиот, Благ и Животворен Дух, и сега и секогаш, и во сите векови. Амин!