Ти благодарам, Господи, Боже мој, што не ме оттурна мене грешниот, туку заедничар да бидам на Светињите Твои ме удостои. Ти благодарам, што ме удостои мене недостојниот да се причестам со Твоите пречисти и небесни дарови. Но, Владико, човекољубче, кој заради нас умре и воскресна, и ни ги подари овие страшни и животворни Твои Тајни, за благодејство и осветување на душите и телата наши, дај овие да ми бидат и мене за исцелување на душата и телото, за одгонување на секој противник, за просветување на очите на срцето мое, за мир на душевните мои сили, за вера непосрамна, за љубов нелицемерна, за исполнување со премудрост, за сочувување на заповедите Твои, за умножување на божествената Твоја благодат и за здобивање на Твоето Царство; та во Светињата Твоја од нив чуван, Твојата благодат да ја паметам секогаш, и веќе да не живеам за себе, туку за Тебе, нашиот Владика и добротвор. И така, излегувајќи од овој живот со надеж на вечниот, да стигнам во вечниот покој, каде што е непрестан гласот на оние што празнуваат, и бескрајна е сладоста на тие што ја гледаат неизречивата добрина на Твоето лице. Зашто Ти си вистинската желба и неизречена веселба на оние што Те љубат, Христе Боже наш, и Тебе Те пее целата творба во вековите. Амин.