Translation Тask 3
Терминот прилагодлив дизајн се поврзува со концептот да креирате дизајн за веб сајт така што ќе овозможите распоредот да се менува согласно големината и резолуцијата на екранот на компјутерот. Или, попрецизно, концептот дозволува распоредот од 4 колони, и 1292 пиксели ширина, автоматски да се поедностави на екран со 1025 пиксели ширина, и содржината да се прераспредели во две колони. Исто така, распоредот совршено се прилагодува и на малите екрани на паметните телефони и таблети. Оваа техника на дизајнирање се нарекува прилагодлив дизајн.
Можете да го тестирате вашиот веб сајт со алатка за прилагодлив дизајн. Прилагодливото веб-дизајнирање е целосно поинаква верзија на традиционалното веб-дизајнирање па затоа развивачите (особено младите) мора да ги знаат сите негови придобивки и недостатоци. Овој блог е пример на тој пристап, па затоа сега ќе ви откриеме неколку факти за употребување прилагодлив дизајн. Основниот инстинкт ќе ви биде да изберете медиа прашалници за да развиете прилагодлив сајт, но проблемот со кој може да се соочите притоа е тоа што може да ви се појавуваат нови прашалници од момент во момент, а со тоа корисникот ќе треба да следи нагли и драстични промени во изгледот и организацијата на сајтот. Експертите препорачуваат да употребувате CSS транзиции за да го омекнете скокот.
Страниците што вклучуваат табели со податоци се посебен предизвик за прилагодливиот дизајн. Табелите со податоци предодредено се многу широки, па кога некој ќе одзумира за да ја види целата табела, табелата му станува премала за читање. Ако се обиде да ја зумира, ќе треба да скролува, хоризонтално или вертикално, за да може да ја прочита. Има неколку начини на кои може да се избегне овој проблем. Едно од решенијата е да ја преформатирате вашата табела со податоци во пита графикон или мини графикон. Мини графиконите одговараат дури и на мали екрани.
Сликите во прилагодливиот веб дизајн се свесни за содржината. Оваа техника одлично одговара на духот на прилагодливиот дизајн затоа што сликата се прикажува со различни резолуции, и на различни големини на екран, прикажувајќи сѐ, од голема до мала резолуција. Скалираните слики изгледа како флуидно да се менуваат, а тоа дозволува дизајните да изгледаат јасно во секој контекст.
Прилагодливиот веб дизајн е значително различен од традиционалното дизајнирање во однос на техничките и креативните прашања. Со негова внимателна употреба може да направите чуда додека дизајнирате.
(преземено и прилагодено од blog.everest.mk за образовни цели)