Translation Тask 1.
Оваа година Google Chrome ќе започне да ги прикажува сите HTTP страници како небезбедни. Ова ќе случи од следната верзија на прелистувачот Chrome 68.
Ова доаѓа по долг период во кој на HTTPS се гледаше како на луксуз потребен на страниците што прикажуваат чувствителна содржина. Сепак, благодарение на неколку иницијативи, денес најголем дел од интернетот користи протокол HTTPS.
Слични промени најавува и Mozilla. Наскоро најверојатно и на Firefox ќе биде достапна сликичка на пречкртан катанец што означува небезбеден сајт. Добра вест е дека најголем дел од сообраќајот сега се одвива преку HTTPS. Дури 68% од сообраќајот на Android и Windows е заштитен. Уште подобри се резултатите преку Chrome OS и Mac, каде 78% од сообраќајот оди преку протоколот HTTPS. Од секои 100 веб-страници, до 81 се пристапува преку HTTPS.
Новата верзија на Chrome доаѓа со неколку API-ја што ќе бидат интересни за програмерите. CSS Paint API овозможува програматичко генерирање на слики кога CSS очекува слика. Друга, и најверојатно покорисна алатка ќе биде Server Timing API. Алатката овозможува тест на перформансите на веб серверите и препраќање на податоците преку HTTP. Алатката ќе им помогне на програмерите да добијат покомплетни податоци за перформансите на серверот.
Функционалноста за автоматско пуштање видео на веб-страниците наскоро би можела да стане минато. Следната надградба на Google Chrome ќе ја оневозможи оваа функционалност.
Опцијата за блокирање на автоматски плејбек има две отстапки. Ако видеото е со исклучен звук или ако корисникот покажал интерес за видеото.
Функционалноста ќе биде полезна како за намалување на хаосот кога корисникот отвора неколку страници, така и за заштедување на потрошениот интернет-сообраќај. Второто, секако, важи за корисниците што пристапуваат од паметни телефони што имаат ограничување на интернет сообраќајот.
Опцијата ќе биде достапна и за десктоп и за Андроид верзијата на прелистувачот. За жал, за оваа функционалност корисниците ќе мора да почекаат до Chrome 64.
Наскоро, веќе од октомври пристига верзијата 63. Оваа верзија ќе овозможи донекаде слична функционалност. Корисникот ќе може да „замолчува“ сајтови, односно во целост да го исклучи аудиото на дел од сајтовите.
Неколкуте последни верзии на прелистувачот на Google Chrome, се фокусираат претежно на безбедноста на корисниците. Исклучок нема да биде ниту оваа надградба, во која Google ќе се обиде да го запре автоматското пренасочување до малициозни веб-страници.
Почнувајќи верзијата на Chrome 64, корисниците ќе останат на истата страница откако ќе кликнат на линк за пренасочување. Прелистувачот ќе го извести корисникот за ова и на десктоп и на мобилната верзија од Chrome. Од следната верзија (Chrome 65) „триковите“ што го отвораат линкот што го притискате во друг таб, а на веб-страницата се отвора друга содржина, нема да функционираат.
Дополнително, Google отвора и Извештај за искуства на злоупотреба (AER) кој на овие страници ќе им овозможи период за отстранување на проблемите. Ако проблемот не биде отстранет 30 дена по пријавата, линковите од овој сајт нема повеќе да отвораат нови табови или прозорци.
(адаптирано според it.mk, за образовни цели)