Translation Тask 2
ОГЛАСУВАЊЕ ВО GOOGLE CHROME
По повод објавувањето на новата верзија на прелистувачот Google Chrome, која ќе содржи вграден рекламен блокер и автоматски ќе блокира неприфатливи рекламни банери, здружението за интерактивно огласување IAB Македонија го издава ова соопштение за да ги запознае компаниите, огласувачите и издавачите со промените и трендовите што доаѓаат во индустријата. Google ја најави новата верзија на Chrome на 15-ти февруари 2018 година.
Една од главните промени е тоа што огласни формати за мобилни и десктоп уреди како банери и видеа со автоматско пуштање, воведни банери што зафаќаат цела страна, скок-банери, банери што бараат активност за да пристапите до содржините или бараат посетителите да почекаат неколку секунди, ќе бидат прогласени за неприфатливи огласни формати и ќе бидат блокирани. Една од најважните работи е тоа што ако еден сајт содржи барем еден банер што спаѓа во неприфатливите формати, сите негови банери ќе бидат блокирани.
“Следејќи ги најавените промени на Google дека од 15.02.2018 година прелистувачот Chromе ќе блокира и нема да прикажува одредени огласни формати што се категоризирани како наметливи и непосакувани, со цел да го подобри корисничкото искуство и огласните решенија, ИАБ Македонија ги советува рекламните агенции да ги земат предвид препораките за огласни решенија објавени на веб-страницата Coalition for Better Ads достапни на следниов линк” – вели претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски.
Оваа промена е значајна за сите онлајн медиуми, огласувачи и маркетинг агенции, но и за самите посетители. ИАБ Македонија ја поддржува оваа промена бидејќи таа цели да го подобри корисничкото искуство и да стави барем малку ред во дигиталното огласување. Промената е поттикната од коалицијата Coalition for Better Ads во која членуваат едни од најголемите компании во светот како Google, Microsoft, Unilever, како и IAB, во чија глобална мрежа учествува и ИАБ Македонија.
Листа на форматите што ќе бидат опфатени ќе пронајдете на следниов линк.
(адаптирано според it.mk, за образовни цели)