Translation Task 8
Најмоќна алатка за заштита на интелектуална сопственост е патентот, кој му гарантира на сопственикот право да ги исклучи другите од правење, користење или продавање на пронајдокот за време на траењето на патентот. Со други зборови, патентот гарантира дефанзивни а не офанзивни права – не му дава право на сопственикот на патентот да го искористи и да го дистрибуира пронајдокот, но му дозволува на сопственикот на патентот ги спречи другите да го направат тоа. Исто така е важно сопственикот на патентот да го брани патентот за време на неговото траење, да не ризикува да го изгуби. На крајот од неговиот рок на траење, патентот се дава на јавно користење и секој може да го користи.
Системот на патенти на САД, каков што го познаваме денес, бил создаден пред повеќе од 200 години од Томас Џеферсон. Тој го испланирал со јасна цел да му обезбеди на независниот пронаоѓач краток законски монопол за време на којшто да го пласира пронајдокот на пазарот и да ги врати трошоците за неговиот развој пред да се соочи со конкуренција. Првиот патент бил доделен во 1790 година, а до денес има повеќе од 7 милиони патенти во САД. Необично е што стапицата за глувци има повеќе патенти од кој било друг пронајдок. Сѐ уште се произведува од корпорацијата „Вудстрим“ од Пенсилванија под заштитена трговска марка „Виктор“. Откако првпат била патентирана во 1903 година, стапицата за глувци била извор на најмалку 40 барања за патент годишно. Сепак, само 24 од вкупно 4400 патенти за стапица за глувци реално заработиле пари. Со толку многу барања, УСПТО ги подели пронајдоците на стапиците за глувци во 9 категории, вклучувајќи убивање, давење, гмечење, усмртување со електрична струја и експлодирање.
Во 2006 година УСПТО примиле повеќе од 41000 барања за патенти од областа на трајно сервисни патенти на машини и за повторно издавање права за патент, 25000 барања за патент на дизајн и повеќе од 52000 барања за странски патенти (за меѓународна примена). Покрај тоа, канцеларијата примила 121000 привремени барања. Денес околу 80% од сите патенти во САД се поднесуваат од големи корпорации, универзитети и федерални и приватни лаборатории. Сепак, УСПТО внимава на посебните потреби и ограничените ресурси на независните пронаоѓачи и ја создаде Канцеларијата за независни пронаоѓачи за да им служи. Покрај тоа, судовите обично се на страната на независните пронаоѓачи во случаи каде што големите корпорации ги нарушиле нивните интереси.
ШТО СОДРЖИ ЕДЕН ПРОНАЈДОК ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПАТЕНТИРА?
Врховниот суд на САД изјавува дека „сѐ под сонцето на направено од човекот“ спаѓа во предмет што законски може да се патентира. Иако се чини дека речиси сѐ може да се патентира, вистината е дека УСПТО има четири специфични критериуми за утврдување на тоа дали еден пронајдок може да се патентира:
· Мора да спаѓа во една од петте класи утврдени од Конгресот.
· Мора да биде корисен. Мора да биде употреблив со практична примена.
· Не смее да содржи карактеристика од претходно. Мора да биде оригинален и, што е важно, да не им е познат на другите и да не е претходно објавен за јавна потрошувачка. Законот на САД бара пронајдокот да не бил претходно прикажан во јавноста или достапен за продажба повеќе од една година пред да се поднесе барање за патент.
· Не смее да биде очигледен на некого со обични квалификации во полето на пронајдокот. На пример, не смее да биде логичен следен чекор во познат процес.
ПЕТ КЛАСИ ПАТЕНТИ
Конгресот на САД воспостави пет категории пронајдоци што може да се патентираат и секое барање за патент мора да се однесува на барем една од овие класи.
· Машина или нешто со подвижни делови или струјни кола (на пример: факс, ракета, фотокопир, ласер, електронско коло).
· Процес или метод за создавање на корисен и материјален резултат (на пример: хемиска реакција, метод за производство на производи, деловен модел)
· Производствен артикал (мебел, дискета, транзистор, играчка).
· Состав на материја (бензин, адитиви за храна, лек, генетски изменета форма на живот)
(адаптирано, само за образовни цели, според: Претприемаштво за научници и инженери, Кетлин Ален, Арс Ламина, Скопје, 2012)