Насекаде низ Македонија постојат објекти кои ја изгубиле својата намена, останале напуштени од различни причини, и се оставени на забот на времето, но и објекти кои останале во функција, но поради недостатокот од соодветно одржување се наоѓаат во незавидна состојба. Значаен дел од нив зафаќаат атрактивни локации, поседуваат исклучителен потенцијал за развој, но исто така поседуваат и одредени архитектонски квалитети.
Целта на овој проект е да се поттикне размислувањето и дискусијата за третманот на овие објекти, за можностите што ги нудат, како тие повторно да заживеат и евентуално да придонесат во развојот на заедницата.