ФАБРИКА ЗА САПУН И КОЗМЕТИКА „ЦВЕТАН ДИМОВ“ - СКОПЈЕ
Предмет на разработка на овој проект е поранешната фабрика за сапун и козметика „цветан димов“ во скопје. Објектот е напуштен и вон употреба. Идејата е да се задржат конструктивните елементи и надворешниот изглед на објектот и со најмала можна интервенција да се оспособи за примање на нови содржини. Идејата за пренамена на фабриката во медиатека произлезе од состојбата во која беше затекнат објектот. Голем дел од ѕидните површини на фасадата и во објектот се исполнети со графити. Предлог - решение е пренамена на објектот во простор кој ќе овозможи изразување на уметниците од сите области. Истовремено, постои потреба од нови содржини кои ќе привлечат различни групи на посетители. Интервенцијата се состои од поставување на лесни прегради и пренамена на просториите. Во подрумскиот дел се предвидени сала за проекции, клуб, интернет и простор за друштвени игри. На првото ниво централниот простор е слободен, што овозможува организација на различни содржини. Во останатиот простор на ова ниво се организирани канцеларии, простор за состаноци, работилница, библиотека со читална. Овозможен е пристап и до завршното ниво, кое претставува отворена тераса. За дворниот дел предвидено е уредување на партерот и поставување на две лифт платформи за непречено движење на сите корисници на просторот.
Ана Велинова
Дипломира на Архитектонски факултет во Скопје на тема „Програмско инфилтрирање, Тврдина Кале“. Учествува на работилницата „Оформување на Големиот Ринг во Скопје“ под раководство на проф. Петер Габриелчич од Љубљана и на летната школа за архитектура Bauhaus City – The Extended Bauhaus во групата на muf architecture/art од Лондон. Илина Илкоска
Дипломиралa на Архитектонски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“,Скопје, 2010г. Работи во ДГ Бетон АД Скопје. Учествувала во работилницата Премостување, Скопје 2007г, ментор Питер Габријелчич,Словенија и летните школи во манастирот Св.Јоаким Осоговски, Град за сите 2007г. ментор Cengiz Bektas,Турција и Рурал студио 2008г, ментор David Buege,Мисисипи, организирани од АФ,Скопје и ФОРУМ Скопје, 2008г, oрганизатор- група архитекти од Македонија, Германија и Австрија, ментор Инес Толиќ,Хрватска. Изложби: БИСТА, 2008г. oрганизатор ААМ и Урбан пејзаж, Скопје и Лондон 2010г. организатор Општина Карпош.