Предмет на разработка се објекти по слободен избор на учесниците, кој треба да биде издржан и образложен од аспект на потенцијалите кои ги нудат. Разработката на трудовите ќе биде на ниво на концепт, со акцент на истражувањето во однос на програмирањето (намената и предвидување на содржини), како и во пристапот кон третманот на наследената изградена структура во одредено опкружување или постоен урбан контекст.
Се очекува препознавање на архитектонската вредност, донесување на одлука што е она што треба да се сочува како наследство за наредните генерации, што е она што може да трпи одредени промени, а што може/треба да се отстрани. Неоптоварени со прашањето на реализација/изводливост, учесниците имаат целосна слобода да ги истражат крајните можности кои ги нудат предметните објекти и да предложат визија за нивната иднина.
Трудовите презентирани на изложбата не треба да бидат претходно објавувани.