КОМПЛЕКС КАЛЕ, КИЧЕВО
Денес е напуштен комплекс, инцидентно посетен најчесто од повозрасните жители на градот, се соочува со неможност да им понуди содржини на новите генерации кои се најважниот елемент во процесот на враќање на крвоток кон срцето на градот Кичево, враќање кон природата и основните животни вредности, менување на свесноста на луѓето за значењето на природата како дел од нивното секојдневие кои денес како да се изгубиле некаде помеѓу компјутеризацијата и брзиот живот. Интервенцијата опфаќа две нивоа на реанимација: · додавање на нови содржини во комплексот /велосипедски патеки, во склоп на веќепостоечките патеки и нивно дооформување, пункт за изнајмување на велосипеди во транспортниот центар, во центарот на градот и во габаритот на "подмладениот" мултифункционален центар, детски парк, скејт парк/ · трансформација на постоечки сегмент-објект /го третира руинираниот објект на напуштениот ресторан, кој со својата местоположба нуди единствени визури кон градот, втопен во зеленилото на околните дрва, со оформен плоштад во предниот дел, пристапен од колски и пешачки патеки. Постојниот габарит е составен од приземје и подрумски простории, ненаметливо изникнат во околната шума, приспособен на ридестиот терен, развиен со нагласена хоризонтална оска, со зачеток на надвор-внатре интеракција во просторот. Сите детектирани квалитети на постоечкиот објект се задржани.
Трансформација е насочена кон репарирање на сите физички оштетувања, задржани се целосниот габарит на објектот, конструктивниот систем и влезниот портал од предната фасада. Интервенцијата се состои во:
· заменување на меѓукатната конструкција,
· заменување на постоечките нетранспарентни фасади со транспарентни површини кои ќе овозможат протекување на надворешниот простор низ објектот,
· новопроектирана перфорирана платформа, со водена површина и отвори, низ кои продираат постоечките дрва од околината, а истата претставува екстензија на функционалниот простор на објектот кон надворешноста, протекувајќи ненаметливо и сливајќи се во оклината надополнувајќи ја воспоставената релација природа-објект,
· пункт за изнајмување на велосипеди,
· трансформација на внатрешноста во мултифункционален отворен простор, мини бар и
· протекување на мултифункционалниот простор во надворешноста, постоечкиот плоштад се трансформира во простор за летно кино, поетски читања, мини концерти, настава во природа.
Кристина Милеска
Родена 1985 година. Дипломира на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема “Модели на пост-транзициона станбена градба”/ментор проф. Минас Бакалчев/ 2010 година. Вработена во „Тајфа план“ /Друштво за планирање, проектирање и инженеринг/Скопје. Учество на студентски конкурс Isover /основно училиште - пасивна архитектура/ 2008 год., учество на изложба на студентски проекти за адаптација на Музеи на Македонија /оддел за едукација/ 2008 год., учество на конкурс за идејно решение ”Виртуелно македонско село” - с.Нерези во 2009 год. Публикација на концептот на дипломската работа како дел од истражување на проф. Минас Бакалчев /Проекти на можните иднини/ објавено во ПРЕСИНГ бр.2/2011 год.
Соња Касапоска
Родена 1986 година. Дипломира на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема “Модели на пост-транзициона станбена градба”/ментор проф. Минас Бакалчев/ 2010 година. Вработена во „Тектон“ /Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг/Скопје. Учество на изложба на студентски проекти за адаптација на Музеи на Македонија /историски оддел/ 2008 год. Учество на летна школа за архитектура на тема “Нов простор од најдени материјали” /Workshop with David Buege - Rural Studio/Манастир Св. Јоаким Осоговски/ 2008 год. Публикација на концептот на дипломската работа како дел од истражување на проф. Минас Бакалчев /Проекти на можните иднини/ објавено во ПРЕСИНГ бр.2/2011 год.