Јане Стојаноски
Роден 1984 година.
Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2009 година.
Работел како демонстратор на Архитектонскиот факултет во Скопје и како проектант-соработник во „Прима инженеринг“-Скопје. Моментално работи во „Тајфа план“-Скопје.
Индивидуално учествувал на конкурсот за идејно архитектонско решение за управна зграда на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, и заедно со Невенка Манчева на меѓународниот анкетен и истражувачки конкурс „Менување на ликот“ за уредување и довршување на локацијата „Паромлин“- Загреб, Хрватска, во 2010 година.
Работилници и изложби во кои учествувал: „Просторот како медиум“-работилница за ревитализација на левиот брег на Вардар во организација на Архитектонскиот факултет во Скопје и градот Скопје, 2007; Европски собир на студенти по архитектура (EASA), Ирска, 2008; „Круг: ре-визија“, галерија Press to Exit, Скопје, 2005; БИСТА-биенале на студентите по архитектура, 2006 и 2008; „Поинаку од секогаш: современиот дизајн и моќта на конвенционалното“, Музеј на современата уметност, Скопје, 2007; „Ние“-изложба по повод 60 години од основањето на Архитектонскиот факултет, Музеј на Град Скопје, 2009.
Невенка Манчева
Родена 1984 година.
Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година.
Работела како демонстратор на Архитектонскиот факултет во Скопје и како проектант- соработник во „Мегарон инженеринг“- Скопје. Моментално е на Мастер студии при Универзитетот „Ла Сапиенца“ во Рим.
Во 2010 година учествувала на меѓународниот анкетен и истражувачки конкурс „Менување на ликот“ за уредување и довршување на локацијата „Паромлин“- Загреб, Хрватска, заедно со Јане Стојаноски.
Работилници и изложби во кои учествувала: Европски собир на студенти по архитектура (EASA)-национален контакт, 2005-2008; Мал собир на студенти по архитектура (SESAM) на тема „Реанимација“, Крушево, 2006; Летна школа за архитектура на тема „Процес“ во организација на Архитектонскиот факултет во Скопје, манастир Св. Јоаким Осоговски, 2006;„Просторот како медиум“-работилница за ревитализација на левиот брег на Вардар во организација на Архитектонскиот факултет во Скопје и градот Скопје, 2007; „Инвентаризација на културното наследство“- заеднички проект на Општина Новаци, Македонија и Нормандија, Франција, с. Старавина, 2008; „Ние“- изложба по повод 60 години од основањето на Архитектонскиот факултет, Музеј на Град Скопје, 2009; БИСТА-Биенале на студентите по архитектура, Мултимедијален центар „Мала станица“, Скопје, 2010; “Почеток на колективната халуцинација”- групна изложба на автори од колективот НМП, МКЦ, 2006; „Душатата на градот“- изложба на фотографии по истоимената работилница во организација на МЦФ, Музеј на град Скопје, 2007; групна фотографска изложба од курсот за аналогна фотографија во организација на МЦФ, Мултимедијален центар „Мала станица“, 2008.
Во 2010 година е дел од организацискиот одбор на TEDxSkopje, првиот независно организиран TED-настан во Македонија.
Весна Митаноска
Родена 1984 година.
Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2010 година.
Работи во „Ива-Ж инженеринг“-Скопје.
Работилници и изложби во кои учествувала: „Премостување“-работилница во рамките на продлабочената настава на тема „Оформување на Голем ринг“, Архитектонски факултет, Скопје, 2007; Летна школа за архитектура на тема „Град за сите“ во организација на Архитектонскиот факултет во Скопје, манастир Св. Јоаким Осоговски, 2007; Работилница за фотографија и изложба „Младите влијаат“ во организација на Британскиот совет, Културен центар „Точка“, 2008.
Во 2007 учествувала на работилницата „Премостување“ под менторство на проф. Петер Габријелчич од Љубљана, како дел од продлабочената настава на тема „Оформување на Голем ринг“; Европски собир на студенти по архитектура (EASA), Италија, 2009.