УРБАНО МОБИЛНА АРХИТЕКТУРА
Нешто што било, поминало и повторно се враќа, се пројавува како процес со различен контекст и мерило, посочен кон стратегијата за ревитализација на напуштен простор, објективен и субјективен, по патот на уметноста и архитектурата во одреден временски период...архитектура во движење...Станува збор за урбана обнова, реактивација на стари напуштени железнички станици и вагони кои одамна ја изгубиле својата функција. Заборавени, такви неподвижни, руинирани, се тука само тивко да не поздрават и неприметно да не одминат, и токму тука следи перцепцијата за предизвик за стварање на „подвижна микрозаедница“.Во тој контекст старите напуштени вагони добиваат нова функција која предходи на првобитниот облик-форма на вагонот, а со тоа се диктира новата концепција за внатрешно и надворешно ремоделирање.Според типот на вагонот е направено концептуалното, функционалното обликување на вагоните, како и содржината која делумно е нова, а дел е реинтерпретирана, проследена со нестатичноста на објектот, односно можноста за негово движење .-Вагон патнички – ресторан Дел од првобитната функционална шема останува непромената. Периферно се наоѓаат тоалетот и кујната, а во централниот дел е сместен ресторанот.
Фасадното обликување на вагонот е решено со одстранување на страничните нетранспарентни површини и застаклување на истите, притоа овозможува т.н. невообичаено конзумирање на храната во движење и перцепирање т.е. различни доживувања, кои се менуваат заедно со промената на местото, времето, просторот, како и човечката присатност и одсатност која константно се менува од место до место.
-Вагон цистерна – релаксационен центар
Кружната форма на вагонот ни ја наметнува идејата за поставувување на човековото тело во положба на одмарање, медитација. Во согласност со потребата за истите е извршено соодветно ентериерно уредување, притоа за целосниот концезус помеѓу телото, просторот и доживување на истиот во динамика, страничните делови се застаклени и имаме т.н. циклично патување.
-Вагон товарен - кино, театар
Затворениот тип на вагон ни овозможува инсталирање на токму таква функција, кино или театар. Подигање на подот на вагонот со наклон и добивање на амфитеатрално седење. Овој тип на затворен вагон овозможува и одржување на уметнички изложби и други инсталации.
-Вагон патнички- библиотека
Централно поставување на библиотеката со периферно седење до транспарентните делови на вагонот.
-Товарен- отворен вагон- патувачка градина
Седење во делот на зелената зона.
Стратегијата за интеграција на архитектурата и пејсажот, дополнително се оформува со можноста на тие вагони на одредено растојаније ( помеѓу градските железнички станици) да ја интерпретираат својата функција. Истите во движење ствараат динамика на субјектите и објектите. Стојалиштата Скопје- Велес, Битола- Гевгелија, како место со различни пристапи, базирани врз различни вредности, даваат време за исполнување на функциите.
На тој начин перцепирање на секвенците и доживување на нештата е поинаку од вообичаеното патување, хранење, одмарање, сознавање ...