ОРГАНИЗИРАЊЕ > ФУНКЦИОНИРАЊЕ > ОДРЖУВАЊЕ > ПОСТОЕЊЕ
ЗГРАДА НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ, СКОПЈЕ
АРХИТЕКТ: МИХАИЛ ДВОРНИКОВ Година на проектирање и изведба : 1934-1946 Периметрален блок за социјално домување, со заеднички внатрешен атриум, поделен на 10 секции, оригинално, меѓусебно поврзани со галерии во функција на тераси, надополнет со заеднички содржини - КОНФИГУРАЦИЈА ШТО СТИМУЛИРА СОЖИВОТ И ЗАЕДНИЦА! Причината за подмладување на овој објект не се само видните траги од теретот на времето, туку и деструкцијата на функциијата и суштината на типологијата на објектот, настанати како резултат на: Трансформација на автентичниот, прогрестивен и самодоволен диверзитет на содржини - од домување 45%, комуникации 20% и заеднички содржини 35% во домување 75%, комуникации 20% и редуцирана повеќенаменска сала 5% ( која не функционира );
Преградување и поделба на галерии-коридори во станбен простор и оградени тераси;
Затварање на дел од тремот и пренамена во деловен простор;
Сечење на високото зеленило и оттуѓување на заедничкиот двор преку организирање на оградени приватни бавчи пред становите во приземје;
Идеја: Носталгијата кај станарите кон "убавото минато" и игнорирањето на одговорните на значењето на објектот кој се рапаѓа, ги отвара прашањата:
КАКО ПОВТОРНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЦАТА? КАКО ИНДИВИДУАЛНИТЕ ПОТРЕБИ ВЛИЈААТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ И НА РЕДУЦИРАЊЕ НА СУШТИНСКИТЕ КВАЛИТЕТИ ? КАКО ДА СЕ ОБНОВИ ОБЈЕКТОТ БЕЗ ДА СЕ "ЧЕКА НА ДРУГ"?
Решение: СЕГАШНОСТА Е ЖИВ РЕСУРС НА ТРАНСФОРМАТИВНА ЕНЕРГИЈА - ИНИЦИЈАТИВА ЗА САМООДРЖЛИВОСТ - ПРЕЗЕМАЊЕ НА КОНТРОЛА ВО СВОИ РАЦЕ:
Трансформација на интровертноста на блокот во контролирана отвореност;
Овозможување на пристап до заедничките содржини кои преживеале во "бранот трансформација". Давање смисол на постоењето на мултифункционалната сала, преку обезбедување на пристап за сите, кој не се пресекува со комуникациите за домувањето - СЛОБОДНОСТОЕЧКИ НАДВОРЕШНИ СКАЛИ - обликовен и генеративен елемент во дворот. Активирање на салата, кое содржински ќе го збогати блокот и ќе отвори можност за самовработување, организирање настани и манифестации (во дворот или салата) што ќе овозможи прилив на средства за самостојно ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ.
Јорданка Коцева
Родена 1983 во Виница. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2010. Работи во „Етапа проект“-Скопје, а претходно работела во „Студио ТТ“-Скопје. Учествувала на неколку архитектонски конкурси, како што се: конкурс за идеен урбанистичко-архитектонски проект за плоштад, Кавадарци (2009, трета награда), конкурс за идеен архитектонски проект за административен објект на локална самоуправа на општина Карпош (2010, откуп), интернационален конкурс за идеен архитектонски проект за катна гаража со деловни простории на ул.”Даме Груев”, Скопје (2010, трета награда). Изложби: „Созревање“ (Скопје, 2011), БИСТА-биенале на студентите по архитектура (Скопје, 2004 и 2010), „Бели мугри“ (Кочани, 2001).Дана Јовановска
Родена 1985 во Куманово. Дипломирала како најдобра во својата генерација на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2010. Работи во „Тајфа-архитекти“-Куманово, а претходно своето работно искуство го стекнала во „Етапа проект“-Скопје и „Простор“-Куманово и како надворешен соработник на Архитектонскиот факултет во СКопје. Учествувала на следните работилници: "Со велосипед е во ред, но каде да паркирам" (Скопје, 2009), "градови и велосипеди" (Скопје, 2010), како и на летните школи: „terristories“ (во организација на Архитектонскиот факултет од Скопје и ТУ Делфт, Крива Паланка, 2009) и „Bauhaus City - get on site“ (Десау, 2009). Изложби: БИСТА-биенале на студентите по архитектура (Скопје, 2010), „Florence World Festival“-изложба на студентски трудови (Фиренца, 2011), „Созревање“ (Скопје, 2011).