ПП ЗАШТИТА

23.05.2017        ЗАВРШИ ПОСТАВУВАЊЕТО ХИДРАНТСКИ ЦРЕВА И МЛАЗНИЦИ ВО ХИДРАНТСКИТЕ ОРМАНЧИЊА

На 18.02.2017 г. подготвена е и дистрибуирана до сите сопственици „Предлог-одлука за набавка на хидрантски црева“. На 15.03.2017 г. донесовме одлука претседателот на заедницата да набави хидрантски црева со спојки, млазници и други потребни делови, да ги постави во хидрантските кутии на сите спратови и истите да ги заклучи со брава или катанец. На 05.04.2017 година на сите спратови се изврши контрола на притисокот на водата во хидрантските орманчиња. Притисокот е во рамки на пропишаните параметри и на секое хидрантско орманче е залепена контролна налепница. На 22.04.2017 г. и 23.05.2017 г. хидрантските црева заедно со спојките и млазниците се поставени во хидрантските орманчиња на сите спратови, а секој станар доби клуч од орманчето.

ПРОТИВПОЖАРЕН КУЌЕН РЕД

ОПАСНОСТИ ОД ПОЖАР ВО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Неисправна електрична инсталација

„Калемење“ на електричните осигурувачи

Неисправни електрични и плински апарати и уреди

Невнимателно користење на електрични, плински и други уреди при подготовка на храна

Невнимателно гаснење на запалки, догорчиња од цигари и друго

Оставање на извори на отворен оган на дофат на мали деца

Чување запаливи течности и гасови

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР ВО СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

Електричната инсталација да биде изведена според техничките стандарди и нормативи, а по можност да се инсталира „ФИ“ склопка

Електричните осигурувачи да не се „калемат“ туку да се заменуваат со нови

Да се користи еден апарат по штекер, а по употребата да се исклучи

Уредите на гас (плин) кој се користат во домаќинството постојано да се во исправна состојба и да се користат според упатствата на производителите

Противпожарните хидранти постојано да се исправни и подготвени за употреба

Противпожарните скали и премини за евакуација во секое врема да бидат слободни

Да не се оставаат извори на отворен оган на дофат на мали деца

Пристапот до зградата за противпожарните возила постојано да биде слободен

УПАТСТВА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР ВО СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

Прво се врши евакуација и спасување на загрозени лица

Втора постапка е проценување на можноста за гасење на пожарот и пристапување кон гасењето

За пожарот веднаш се известуваат соседите, најпрвин од погорните катови, а потоа од другите

Ако во објектот има неподвижни лица и мали деца, веднаш се пристапува кон нивна евакуација

Лицата кои се заобиколени од пожарот и не можат сами да се евакуираат, чекаат на безбедно место (балкони, прозори и друго) да бидат спасени

За евакуација се користи најбезбедниот пат, главните скали, противпожарните скали, излези и премини

Во случај на пожар лифтовите не се користат

При напуштање на домовите, влезните врати и прозорците треба да бидат затворени

За заштита на дишните органи во зачаден простор се користат влажни марами и крпи

При евакуација во услови на пожар движењето на лицата секогаш е во наведната положба, покрај ѕидот

По пристигнувањето на противпожарната единица сите активности за гаснењето и за евакуација на луѓето и на имотот се вршат под нејзино раководство

Електричната инсталација веднаш се исклучува од напојување со електрична енергија

Електричните апарати и уреди не се гасат со вода

За гаснење на пожар се користат противпожарни апарати, ѕидна хидрантска мрежа, прирачни средства и слично

Запалено масло не се гасне со вода, туку се покрива со капак, со влажна ткаенина или се посипува со брашно

Запалени предмети од дрво, текстил и слично може да се гаснат со вода

                                                                        Февруари 2017 г.

ПРАВИЛНИЦИ

Правилника за мерките за заштита пожари, експлозии и опасни материи. (Сл.весник на Република Македонија бр. 32/11) - страна 16

Правилник за техничките нормативи за хридранската мрежа за гасење на пожари. (Сл.весник на Република Македонија бр. 31/06)

Правилник за избор на видовите и количините на противпoжарни апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и за критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на противпожарните апарати. (Сл.весник на Република Македонија бр. /2005)

 

ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА Е ИСКЛУЧИТЕЛНО БИТНА ЗА СЕКОЈА ВИСОКА ЗГРАДА, А ПОМОШ СЕ ДОБИВА НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ      193.

 

ЕВЕ НЕКОЛКУ СОВЕТИ ОД ПОЖАРНИКАРИТЕ.

После посетата на инспекторите сите ги почитуваат прописите

КОРИСНИ ЛИНКОВИ ЗА ТЕМАВА СЕ И ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ 

 

                                                                                                                                           администратор - звонко


Copyright © sites.google.com/site/vic28skopje/ 2010 . Сите права се заштитени