ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ И ЗАВРШНИ СМЕТКИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2021 ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2021
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2020 ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2020
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2019 ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2019
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2018
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2017
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2016
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2015
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2014
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2013
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2012
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2011
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ИЗВЕШТАЈ ПО ЗАВРШНА СМЕТКА ЗА 2010
ЗАСТАРУВАЊЕТО НА ДОЛГОВИ КОН КУЌЕН СОВЕТ НАСТАПУВА ПОСЛЕ 3 ГОДИНИ
- ОДЛУКА НА ВРХОВЕН СУД -
Побарување надоместок за тековно одржување на заеднички простории
Сентенца
27.Побарувањата што произлегуваат од тековно одржување на заеднички простории во станбен објект се сметаат како повремени побарувања кои застаруваат во рок од 3 години од доспеаноста на секое поодделно побарување.
Образложение
Барањето за заштита на законитоста е основано.
Основан е наводот во барањето за заштита на законитоста за погрешна примена на материјалното право во делот на одбиеното тужбено барање на име долг за тековно одржување на заеднички простори и на станбена зграда за периодот од 12 месеци за 1999 година и за периодот од месец јануари заклучно со месец септември 2000 година.
Имено, во овој спор од изведените докази, помеѓу другото е утврдено дека тужената е сопственик на стан на ул."К" во С. и со одлука на куќниот совет од 25.03.1995 година било одлучено секој корисник на стан во зградата на име трошоци за тековно одржување на заедничките простории во зградата да плаќа по 300,00 денари месечно. Утврдено е дека овие трошоци тужената не ги платила за три месеци за 1998 година, 12 месеци за 1999 година и за 9 месеци 2000 година и тоа од месец јануари заклучно со месец септември кои изнесувале 11.400,00 денари.
На основа така утврдената фактичка состојба пониските судови со побиваната и првостепената пресуда, тужбеното барање за исплата на долг на име неплатени трошоци за заедничко одржување во износ од 7.200,00 денари за предметниот период го одбиле како неосновано.
Во причините за ваквото одлучување пониските судови навеле дека ваквите побарувања, што се однесуваат за одржување на заедничките простории, застаруваат за една година согласно член 378 од Законот за облигационите односи (ЗОО), па сметано од денот на поднесувањето на тужбата 24.о9.2001 година, побарувањето на тужителот за 3 месеци за 1998 година, за 12 месеци за 1999 година и за 9 месеци 2000 година било застарено.
По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија основано во барањето за заштита на законитоста се наведува дека во конкретниот случај погрешно е применето материјалното право по однос на одбиеното тужбено барање на име долг за тековно одржување на заеднички простории за периодот од 12 месеци за 1999 година и за периодот од месец јануари заклучно со месец септември 2000 година.
Ова од причина што во членот 378 од ЗОО таксативно се наброени услугите за чие ненаплаќање рокот за застареност изнесува 1 година, а меѓу кои не спаѓаат и трошоците за тековно одржување на заедничките простории во станбен објект. Ова особено што за сите тие услуги е својствено што истите ги вршат јавни претпријатија, а во случаји се работи за друг правен субјект-куќниот совет на предметната зграда кој со одлука определил плаќање на овие трошоци што пак значи дека станува збор за облигационо правен однос помеѓу куќниот совет и станарите на зградата.
По наоѓање на овој суд, во конкретниот случај се работи за повремени побарувања кој согласно со член 372 од ЗОО застаруваат за 3 години.
Одлука на Врховниот суд на Република Македонија, Гзз.бр.125/03 од 9.10.2003 година.
ИЗВРШИТЕЛ
ПРИСИЛНАТА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ ОД ДОЛЖНИЦИ Е ПРИЛИЧНО ЕДНОСТАВНА.
1. ПРВ ЧЕКОР - ДО НОТАР СЕ ПОДНЕСУВА ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ
2. ВТОР ЧЕКОР - ДО ИЗВРШИТЕЛ СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО
3. ТРЕТ ЧЕКОР - ИЗВРШИТЕЛОТ ПРИСИЛНО ГО НАПЛАТУВА ДОЛГОТ
администратор - звонко
Copyright © sites.google.com/site/vic28skopje/ 2010 . Сите права се заштитени