КУЌЕН РЕД

ПОЧИТУВАНИ КОМШИИ,

ВЕ МОЛИМЕ ДА ГО РАЗГЛЕДАТЕ НАШИОТ ПРЕДЛОГ ЗА КУЌЕН РЕД И ДА ДАДЕТЕ ВАШИ СУГЕСТИИ ЗА НЕГОВО  ПОДОБРУВАЊЕ. ВАШИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ ЌЕ ГИ ВГРАДИМЕ ВО ТЕКСТОТ, А ПОТОА ИСТИОТ ЌЕ ГО ДАДЕМЕ НА УСВОЈУВАЊЕ.

ПРЕДЛОГКУЌЕН РЕД НА ЗГРАДАТА НА УЛИЦА ВИЧ БРОЈ 28 ВО СКОПЈЕОПШТИ ОДРЕДБИЧлен 11.1. Со оваа  одлука се регулира куќниот ред во зградата на улица Вич број 28 во Скопје.  1.2. Одлуката за куќниот ред е подготвена врз основа на Законот за домување,  Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради и други законски и подзаконски акти.1.3. Под куќен ред во смисла на оваа одлука се подразбираат правилата на однесување на сопствениците, односно корисниците на станови и дуќани и лицата кои привремено се наоѓаат во зградата, како и други прашања со кои се обезбедува мирно, безбедно и несметано користење на становите, дуќаните и другите делови на зградата.Член 22.1. Сопствениците - корисниците на станови и дуќани и претседателот на Заедницата на сопственици на станбено-деловната зграда со адреса улица Вич број 28 Скопје се должни да го спроведуваат куќниот ред.Член 33.1. Сопственик - корисник во смисла на оваа одлука е: сопственик на стан кој живее во истиот, закупувач на стан, подстанар, членови на нивните семејни домаќинства и сопственици, односно закупувачи на дуќани, како и лица кои се вработени во дуќаните.Член 44.1. Становите и дуќаните треба да бидат обележани со броеви, а на влезната врата да биде истакнат натпис со името на сопственикот или корисникот на станот, односно назив на фирмата на деловниот простор. Сопствениците се должни броевите и натписите уредно да ги одржуваат.4.2. Во ходникот од влезот на станбената зграда треба на видно место да се поставени поштенски сандачиња со број на станот.4.3. Во влезот на зградата на видно место треба да има истакнато:-огласна табла,-куќен ред,-упатство за користење на заедничките простории,-упатство за постапување во случај на природни или други несреќи.Член 55.1. Сопствениците - корисниците се должни станбените и деловните простории и уредите во нив, заедничките простории и уреди во зградата (скали, ходници, подрум, таван, лифт, хидрофор, хидрант и сл.) и дворното место околу зградата да ги користат со потребно внимание, во склад со нивните намени и да ги чуваат од оштетувања, неисправност и нехигиена.5.2. Патничките лифтови не може да се користат спротивно на намената и носивоста, односно за превоз на тешки градежни материјали, намештај и опрема кои по својата тежина и димензии не одговараат на техничките карактеристики на лифтовите.5.3. Секоја неисправност и оштетување на заедничките простории и уреди задолжително се пријавува кај претседателот на заедницата.
ХИГИЕНА И ЕСТЕТСКИ ИЗГЛЕДЧлен 66.1. Забрането е фрлање или оставање отпадоци, ѓубре, нечистотија и течности низ прозорците и балконите, во ходниците, на скалите, во лифтовите и во другите заеднички простории и уреди во зградата.6.2. Доколку станарите ги извалкааат ходниците, скалите и лифтовите, должни се веднаш да ги исчистат истите.6.3.  Забрането е пушење во лифтовите, на скалите и во ходниците.6.4.  Забрането е фрлање тврд отпад во умивалниците и во WC школките.Член 77.1. Местото и начинот на држење и фрлање на домашното ѓубре, како и отпадоците кои не спаѓаат во домашно ѓубре, се регулираат согласно соодветните законски прописи и прописите на Општина Карпош и Град Скопје.Член 88.1. Забрането е валкање или оштетување на ѕидовите, вратите, прозорите, ходниците, скалите, лифтовите, уредите и другите делови на  зградата.8.2. Внатрешните и надворешните делови на зградата (ѕидови, врати, прозори, излози и сл.) мора да бидат естетски уредени и чисти. За естетскиот изглед и чистотата на внатрешните и надворешните делови се грижат сопствениците со организирање редовно чистење, фарбање и молерисување.8.3. По иселување од станот или деловниот простор корисникот треба да ги отстрани поставените натписи, а местото каде биле поставени да го доведе во состојба што била пред нивното поставување.
Член 99.1. На терасите, лоѓиите, балконите и пожарните скали забрането е чување на предмети (стар намештај и слично) кои го нарушуваат надворешниот изглед на зградата.9.2. Во внатрешноста на зградата (ходници и скали) се забранува чување предмети кои го нарушуваат внатрешниот изглед и тоа: намештај, апарати за домаќинство, демонтирани врати и прозорци и слично.9.3. Во дворот не смее да се уништуваат тревата, дрвата и урбаната опрема и да се оставаат градежни материјали, градежен отпад и други материјали.Член 1010.1. Сопствениците - корисниците и другите лица кои изведуваат работи во зградата или на надворешните делови на зградата, должни се секојдневно, по завршената работа, просторот да го исчистат.
РЕД И МИРЧлен 1111.1. Забрането е во зградата да се создава бучава која им пречи на сопствениците, односно корисниците мирно да го користат станот, односно дуќанот.Член 1212.1. Времето од 16.00 до 18.00 часот и од 22.00 до 08.00 часот наутро се определува како врема за одмор.12.2. По исклучок, при организирање приватни забави на станарите, почетокот на времето за одмор наместо во 22.00 часот може да се одложи најкасно до 01.00 часот, врз основа на претходно истакнато известување на огласната табла.12.3. Во времето за одмор сопствениците, корисниците и посетителите мора да се однесуваат на начин кој обезбедува потполн мир и тишина во зградата.12.4. Во времето за одмор забрането е во зградата, становите и дуќаните да се предизвикува бучава со: викање, трчање, скокање, играње со топка, свирење, пеење, како и со користење машини, мотори, уреди, музички апарати и системи, радио и телевизиски приемници, механички извори на врева и слично.Член 1313.1. Градежните работи во зградата или на надворешните делови на зградата не можат да се изведуваат во времето кое со оваа одлука се одредува како време за одмор.13.2. Исклучок представуваат работите на одржување на зградата, организирани од заедницата на сопственици.
БЕЗБЕДНОСТЧлен 1414.1. Сопствениците - корисниците се должни да се грижат за безбедноста во зградата.14.2. Секој сопственик - корисник поседува електронски клуч од влезната врата на зградата.14.3. Влезната врата на зградата мора постојано да биде затворена.14.4. Кога домофонскиот систем е исправен влезната врата на зградата мора постојано да биде заклучена.14.5. Во случај на неисправност на домофонскиот систем влазната врата на зградата мора да биде заклучена од 22.00 до 08.00 часот.14.6. Сопствениците-корисниците се должни да ја затвараат, односно заклучуваат влезната врата на зградата, согласно претходните ставови на овој член.14.7. Вратите од скривницата, подрумот и кровот на зградата мора да бидат постојано заклучени. За тоа се грижат претседателот на заедницата и сопствениците.Член 1515.1. Ходниците и скалите се осветлуваат со автоматско осветлување.Член 1616.1. Сопствениците-корисниците на станови се должни да ги одстранат снегот и мразот од прозорите, стреите, балконите, лоѓиите и терасите на својот стан и од тротоарот пред влезот на зградата, а сопствениците на дуќаните се должни да го одстранат снегот и мразот од тротоарот пред својот дуќан, околу целиот дуќан.16.2. Сопствениците-корисниците на становите и сопствениците на дуќаните се должни да ги одстранат снегот и мразот од трите пристапни патеки до зградата.16.3.  Чистењето на снегот и мразот е задолжително за сите сопственици на зградата, а се врши самоиницијативно или по истакнато писмено известување од заедницата на сопственици.16.4.  Во зима сопствениците-корисниците на становите 53, 54, 55 и 56 се должни редовно да ги одстрануваат мразулците кои висат од одводната цевка-олук поставена над прозорите од спалните соби.16.5. За време на дожд, снег, силен ветер и други временски непогоди прозорите во ходниците на спратовите мора да бидат затворени. За тоа се грижат сопствениците-корисниците од соодветниот спрат.Член 1717.1. Забрането е на внатрешните и на пожарните скали да се чуваат предмети кои го попречуваат движењето.17.2. Забрането е на терасите, лоѓиите, балконите и пожарните скали да се држат необезбедени саксии со цвеќе и други предмете кои при паѓање можат да повредат, оштетат или извалкаат минувач.Член 1818.1. Забрането е во влезот, во ходниците и во другите заеднички делови на зградата и дворот да се чуваат огревни материјали, експлозиви, експлозивни и пиротехнички средства, опасни хемикалии, горива, превозни средства со резервоар за гориво, предмети и материјали кои можат да предизвикаат пожар, зараза, несреќа, повреда и слично.
ГРАДЕЖНИ РАБОТИЧлен 1919.1. Забрането е, без одобрение од надлежниот орган на управа, во становите, дуќаните и аедничките простории да се изведуваат градежни работи со кои се нарушува стабилноста на зградата со рушење носечки sидови, отварање отвори за прозорци, отварање отвори во плочи, поставување или демонтирање инсталации и уреди, како и менување на намената на просториите.19.2. Поставувањето заеднички инсталации, антени, плакати, излози, рекламни натписи, јарболи за знамиња и слично може да се врши само со писмена согласност од Заедницата на сопственици и доколку е во согласност со закон.Член 20        20.1. Сопствениците - корисниците и други лица можат да изведуваат работи на заедничките делови на зградата само врз основа на одобрување добиено од претседателот на заедницата и по претходно истакнато известување на огласната табла.20.2. Во текот на работите тие не смеат да ги загрозат безбедноста и имотот на останатите сопственици и корисници.20.3. По завршената работа заедничкиот простор и уредите треба да ги остават во работна и естетска состојба во која биле пред почетокот на работите. Тоа подразбира поправка или замена на делови при евентуални нивни оштетувања и фарбање и молерисување во случај на оштетување на површински бои.
ОДРЖУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ И УРЕДИЧлен 2121.1. Претседателот и сопствениците се грижат редовно да се врши контрола на исправноста на лифтовите, хидрофорите, хидрантите и другите заеднички уреди и делови на зградата.21.2. Упатството за употреба на  лифтот мора да биде видно истакнато.21.3. Во случај на неисправност на лифтот претседателот на заедницата истиот го исклучува од употреба и ја известува фирмата задолжена за одржување.21.4. Секој што забележал постоење на оштетување и неисправност на лифт, хидрофор, хидрант, топлотна пумпа и друг заеднички дел или уред во зградата, обврзан е истото веднаш да го пријави кај претседателот на заедницата.Член 2222.1. Претседателот е должен на огласната табла да истакне известување за тоа  каде можат станарите да се обратат во случај на дефект на топловодните, водоводните и електричните инсталации, лифтовите и хидрофорите и каде се наоѓаат клучевите од кровот, скривницата, лифтовите, струјомерите, хидрофорот и другите заеднички уреди, инсталации и простории.ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД СОСЕДИЧлен 2323.1. Сопствениците - корисниците се грижат за исправноста на уредите и инсталациите во сопствениот стан, односно дуќан.23.2. Доколку сопственикот претрпи штета предизвикана од соседите, поради нивна небрежност или поради неисправни уреди и инсталации во соседните станови или дуќани, надоместувањето на штетата се врши спогодбено.23.3. Доколку не може да се постигне спогодбено надоместување на штетата, Заедницата на сопственици не е надлежна за решавање на споровите помеѓу соседите, и спорот се решава пред надлежниот суд. Со цел обезбедување докази оштетениот може да го повика надлежниот инспектор за домување, комуналниот инспектор или судски вештак. Подготвениот записник или вештачењето може да се користат како докази во евентуалната судска постапка.
ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИЧлен 2424.1. Сопствениците - корисниците можат да чуваат домашни миленици само во своите станови.24.2. Забрането е во заедничките и посебните делови од станбената зграда и во дворот на зградата да се оставаат домашни миленици без придружба и без заштитна маска.24.3. Сопствениците на домашни миленици се должни истите да ги водат низ заедничките простории, лифтовите и дворот врзани и со заштитни средства на главата (маска, корпа и слично), согласно законските прописи.24.4. Сопствениците на миленици се должни да водат сметка милениците да не оставаат нечистотија и фекалии во заедничките простории, лифтовите и дворот, а евентуално оставената нечистотија и фекалии веднаш да ги одстранат.24.5  Сопствениците на миленици се должни да водат сметка милениците да не го нарушаваат мирот и тишината во зградата, особено во времето за одмор.          НАДЗОРЧлен 2525.1. Надзор над спроведувањето на одредбите на оваа одлука вршат комуналниот и градежниот инспектор и други служби одредени со соодветни прописи.25.2. Сопствениците -корисниците и претседателот на заедницата му даваат помош на инспекторот, односно на соодветната служба, на нивно барање или по сопствена иницијатива.             aдминистратор -        звонко                                                                                                                                                                                 

Copyright © sites.google.com/site/vic28skopje/ 2010 . Сите права се заштитени