Потписи

Post date: 19-Dec-2015 20:27:41

Почитувани студенти,

Потписи за предметите каде предметен професор е Доцент д-р Свемир Горин може да добиете во вторник 22/12/2015 во 10.00 пред кабинетот бр. 128.

Доколку не сте во можност лично да дојдете, може и друго лице да го донесе/земе индексот.

Студентите кои обавуваа практична настава, треба да донесат потврда со која докажуваат дека посетувале пракса во компанијата, одобрена од Природно-математичкиот Факултет во Скопје. Потврдата треба да е со печат и потпис од Директорот. Во спротивно, неможете да добиете потпис за обавена практична настава, односно ќе го добиете во моментот на приложување на потврдата.