Координатор за ЕКТС - насока ГИС

Post date: 19-Sep-2013 12:40:48

Почитувани студенти

За координатор за ЕКТС за насоката Географски информациски системи, почнувајќи од 19/09/2013 назначен е Доц. д-р Свемир Горин.

УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ ЕКТС ОБРАЗЕЦ

НАПОМЕНА: БИЛО КАКВИ ОБИДИ ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ НА НЕТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ СОГЛАСНО ПРАВИЛНИКОТ НА ПМФ

  1. Образецот за ЕКТС е достапен во библиотеката на Институтот за географија.

  2. Примерок за пополнување на образецот (Кликнете на сликата).

Пример за пополнување на ЕКТС образецот
  1. Во образецот треба да се штиклираат сите ислушани предмети, добиена оценка и освоени кредити. Исто така треба да се означат предметите што се запишуваат, по кој пат се запишува предметот и кредитите што се соодветни за секој предмет.

  2. Во Библиотеката на Институтот за географија се остава:

  3. -Индекс,

  4. -ЕКТС образец (правилно пополнет)

  5. По заведување на податоците и потпишување на образецот, доколку е се во ред, истиот заедно со индексот може да се подигне во Библиотеката на Институтот за географија.