Post date: 03-Nov-2015 23:42:19
Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2015/2016 год. - линк (ПМФ огласна)
се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека пријавувањето на испитите за ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од 02.11.2015 година до 06.11.2015 г.
Ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од 16.11.2015 година до 24.11.2015 г, право на полагање имаат:
1. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2015/2016 година (запишано IX, XI, XIII и XV семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа, согласно одлуката на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр. 07-3434/2 од 25.12.2009 година.
2. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2015/2016 г. (запишано III, V I VII семестар), може да полаат само еден предмет од задолжителните, за кои студентите ги реализирале академските обврски (потпис од предметниот наставник и уредно заверен летен семестар од уч.2014/2015 година), согласно одлуката на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр.07-1977/2 од 18.12.2014 година. Термините ги објавуваат институтите, при факултетот.
Термини за испити кај Доц. д-р Свемир Горин