IEAS WORKSHOP IN BALKAN

Post date: 19-Jun-2015 15:20:37

ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ,

Во организација на Меѓународната Евроазиска Академија на Науките (IEAS - International Eurasian Academy of Science) ќе биде одржана работилница, која покрај останатите содржини (програма) има теми кои се интересни за студентите на географија, особено за групата Географски информациски системи. Работилницата е наменета за студентите и истата ќе биде одржана во повеќе држави на Балканот.

Работилницата ќе биде одржана на Природно-математичкиот Факултет во Скопје, во среда (24/06/2015) во амфитеатарот број 95, со почеток во 11:00 часот.

Сите кои сакаат да ги слушнат предавањата, задолжително треба да се регистрираат на следниот линк за регистрација.