Ориентални инструменти

Ориентални инструменти се:


Ќемане

Ќемането е многу слично на виолината. Се изработува од едно парче јаворово или оревово дрво и се состои од три главни дела: кртуна, врат и глава. Жиците се поставени на различна височина, за да може да се свири на две жици истовремено. Гудалата се прават во различни форни. Должината на ќемането е меѓу 480-540 мм. Тие се прави, или нешто свиткани во форма на лак, со врв и жабица. Кај гудалата од постар тип се пробиени дупчиња во кои се провлекуваат влакната од коњска опашка, а потоа се прицврстуваат со канап или жица. Кај гудалата од понов тип, влакната се прицврстуваат со дрвен клин, слично како кај виолинските гудала.Тоновите се добиваат со провлекување на гудалото преку жиците. Ќемането се користи заедно со другите инструменти за свирење на народни песни, особено епски а ретко се користи како солистички инструмент. Него го користеле и слепи и неслепи гуслари кои патувале од едно место на друго, и во придружба на гуслата пееле епски песни, за кои биле дарувани во натура и пари. 

Канон

Канонот е жичен инструмент. Се изработува од јаворово дрво. Трапезоидниот корпус на канонот е затворен со штичка од смрека и козја кожа. Над козјата кожа е поставен потпирач за жиците, потпрен на четири места. Над кожата ина смрекова штичка и на неа се затегнуваат од 24 до 27 црвени жици. Звукот се создава со удирање по жиците со метални напрстоци во кои се вденати целулоидни плекрони, заглавени на прстите на левата и десната рака. Со него се свират од 2 до 3 октави.

Лаута

Лаутата е историски најзначаен претставник од фамилијата жичани инструменти. Овој инструмент доаѓа од Далечен Исток и Европа влегува преку Шпанија, а подоцна е присутна и во другите земји. Лејтата се изработува од смрека. Има помеѓу 6 и 20 жици но најчесто се употребува лејта со 11 жици. Најголем број на композиции за овој инструмент ги напишале Вивалди и Бах.