Дувачки народни инструменти







Двојанка

Двојанката е дрвен македонски дувачки народен инструмент. Изработена е од дрво во надолжна призмовидна форма, со два паралелни цевчести отвора, со посебни засвирачи на горните отвори од мелодиските цевки.На предната страна на десната мелодиска цевка има шест мелодиски отвори, а на другата мелодиска цевка има само еден мелодиски отвор што константно произведува еден тон – бордунира.

Дудук

Дудукот е македонски народен дувачки инструмент.Се прави од дреново, јаворово или други дрва и го има во две големини: 700-780 мм и 240-400 мм. Свирењето на дудукот е прилично лесно, и затоа е широко застапен низ Македонија. Звукот му е чист и пријатен. Со него се свири две октави, со дијатонички и хроматски тонови. При свирењето, дудукот се држи вертикално пред телото.

Гајда

Двојанката е дрвен македонски дувачки народен инструмент. Изработена е од дрво во надолжна призмовидна форма, со два паралелни цевчести отвора, со посебни засвирачи на горните отвори од мелодиските цевки.На предната страна на десната мелодиска цевка има шест мелодиски отвори, а на другата мелодиска цевка има само еден мелодиски отвор што константно произведува еден тон – бордунира.

Зурла

Зурлата е македонски народен дувачки инструмент направен од оревово или сливово дрво. Се состои од конусна цевка и славец кои се внетнува во горниот крај. Зурлата има седум дупки и една палечна дупка од задната страна, како и издувни дупки при долниот дел, и трска со диск на горниот.При свирење, зурлата се држи со двете раце под агол околу 45° во однос на видното поле. Со прстите од левата рака се свири на долните 4 дупки а со прстите од десната рака се свири со горните дупки и палечната дупка. За свирење на овој инструмент потребно е да се совлада техниката на кружно дишење. Со неа се свири две октави од природната скала. Зурлата има карактеристичен, продорен и многу гласен звук.

Кавал

Кавалот е македонски народен дувачки инструмент отворен од двете страни. Направен е од јасеново дрво и е орнаментиран низ целата должина.Овој инструмент има 7 дупки за прстите на лицето и една за палецот на опачината. Дупките се рамномерно распределени на растојание од 2 см, при што шестата дупка се наоѓа во средината на инструментот. При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол околу 45°степени во однос на телото. Со него се свири така што 4 прсти од едната рака свират со долните дупки а другата рака свири со трите горни дупки и една задна палечна дупка. Устата покрива 3/4 од крајот на кавалот. Со него може да свири 21⁄5 октави од хроматичната скала. Звукот му е топол, меланхоличен и пријатен.

Шупелка

Шупелката е македонски народен дувачки инструмент. Се прави од оревово дрво, дрен, јасеново или јаворово дрво. Има 6 дупки и е потенка во горниот крај. Се свири со трите средни прста од двете раце и се држи под агол од 45 степени. Со неа се свири хроматичка скала (две октави), освен првата нота од долната октава. Во долниот регистар, шупелката создава мек и пријатен звук, додека во горниот регистар звукот ѝ е остар и пискав.