Музички квиз за народните инструменти

Кратка игра за запознавање со македонските народни инструменти.



Идејата на играта е да опфати дел од наставната програма по музичко образование и на интересен аудио и визуелен начин да ги запознае учениците со македонските народни инструменти.

Тимот играта ја нарече „Весели ноти“, а Нотко е оној кој ги води дечињата низ самата игра. Нотко ќе им овозможи на децата со помош на новите технологии да истражат и да се запознаат со македонските народни инструменти.

Целта на играта е децата да ги научат нашите традиционални елементи и препознаваат музички инстурменти, да го изострат слухот за соодветниот звук и да добијат основно чувство за ритам.

Играта е од типот на квиз, со едноставен и интуитивен изглед, го држи играчот во постојана интеракција и преку континуиран фидбек го стимулира детето да не се откажува, сето тоа проследено со пријатни звучни ефекти.


Апликацијата "Народни инструменти" е креирана преку несебичната поддршка и заложба на тимот "Омега" кој се состои од:

Марија Биковска - ментор ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

Мила Јовановиќ, Зора Симоноска - 2Д артист

Сара Конин - графички дизајнер

Лина Господинова - уметник

Александар Тримчевски - програмер nabukva.mk