Жичени народни инструменти се:
Тамбура
Шаз
Тамбурицa
Канон
Ут
Ќемане
Тамбурата е македонски народен жичен инструмент со долг врат и крушковиден облик, кој се прави од оревово дрво. Инструментот го донеле турците во Македонија во 14-тиот и 15-тиот век. Тамбурата произведува метален и боцкав звук. Со неа може да се свири соло или во ансамбл на македонска народна музика. https://bit.ly/3WwgDqo
Шазот е македонски народен жичан инструмент со долг врат и крушковиден облик, кој се прави од оревово дрво. Инструментот го донеле турците во Македонија во 14-тиот и 15-тиот век. Шазот произведува метален и боцкав звук. Со неа може да се свири соло или во ансамбл на македонска народна музика.
Тамбурицата е тадиционален, македонски, народен, жичан инструмент. Се изработува од липово, јаворово, крушково и друг вид на дрво. Тамбурата е составена од три дела: корпус (тело), врат и глава. Тамбурата при свирењето се држи во хоризонтална положба и завртена на левата страна. Звукот се добива кога со десната рака и со помош на трзалица се свири по жиците. Со притискање на жиците со прстите од левата рака се произведуваат тонови различни по висина. Во народната инструментална традиција тамбурата се употребувала како соло инструмент, а во поново време и како ансамблов инструмент. Многу често со овој инструментбиле придружувани и народните песни. Во орската традиција била дел од Ансамблите составени од гајда, тапан, тамбура и кемане. https://bit.ly/4cU9YfO
Канонот е жичен инструмент со правилен трапезоиден корпус. Најчесто се изработува од јаворово дрво. Трапезоидниот корпус на канонот е затворен со штичка од смрека и козја кожа. Над козјата кожа е поставен потпирач (магаренце) за жиците, потпрен на четири места. Над кожата е смрековата штичка, како покривачи на корпусот, се затегнуваат од 24 до 27 црвени жици, групирани по три и штимувани унисон.
Звукот се произведува со удирање по жиците со метални напрстоци во кои се вденати целулоидни плекрони, углавени на прстите на левата и десната рака.
Дијапазонот на инструментот варира меѓу две и три октави. Канонот е виртуозен инструмент и како таков го среќаваме и како солистички инструмент. Како ансамблов инструмент го среќаваме во чалгиските ансамбли. https://bit.ly/3SdSJgQ
Ут е инструмент со жици од персиско-арапско потекло. Има мешлесто-крушковидно тело. Кај некои од нив вратот е подолг, а кај некои – пократок. Над вратот има глава со чивии на кои се затегнуваат жиците. Бројот на жици е различен и се движи од 8 до 12. Звукот се произведува кога со десната рака и со помош на трзалица (перце) се свири по жиците. Со притискање на жиците со прстите од левата рака се добиваат тонови различни по висина. Во инструменталната практика, утот најчесто се среќава како ансамблов инструмент, во состав на чалгиите. Понекогаш се користи и како солистички инструмент.
Ќемане– гусла е гудачки инструмент со крушковидна форма на кој се затегнати три жици (струни). Постои вид на кемане со 4 жици. Се изработува од едно парче дрво со 3 конструкциски делови: крутна (корпус), врат (шија) и глава, од ореово, јаворово или друго дрво. Звукот се добива кога со десната рака со помош на гудало се влече по жиците. Со притискање на жиците со прстите од левата рака, се произведува различна висина на тоновите, жиците се поставени на различна висина, така што може да се свири на две жици истовремено. На првата и третата жица се исполнува мелодијата, а на втората жица, лежечкиот тон. За време на свирењето, кемането се држи во вертикална положба, наклонет на десната страна. Кемането се користи камко придружник на народните песни, а ретко и како солистички инструмент.