Проф. д-р Тони Јаневски

Д-р Тони Јаневски, редовен професор

Институт за телекомуникации, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Скопје, Македонија

Персонална веб страница за настава

Здраво!

Ова е мојата персонална веб страна. На неа можете да најдете информации за предметите кои ги предавам на додипломските и на магистерските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии (Електротехничкиот факултет) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Мојата куса биографија (на англиски јазик) можете да ја прочитате тука.

Консултации

За консултации или за било кои прашања можете слободно да ме контактирате на мојата е-маил адреса во било кое време.

Магистерски студии

Во академската 2023/2024 година продолжуваат студиите на магистерски на студиската програма „Комуникациски и информациски технологии (КИТ)“ која е одлична за сите дипломирани студенти кои завршиле на ФЕИТ и сродни други факултети. 

На магистерски студии (втор циклус) ги предавам предметите:

:: Напредни Интернет технологии (9-ти семестар, задолжителен предмет на насоката на постдипломски Комуникациски и информациски технологии - КИТ);

:: Дизајн на телекомуникациски мрежи (9-ти семестар, изборен предмет на КИТ, може да го бираат и од други сродни програми)

:: Безжични мултимедиски мрежи (9-ти семестар, изборен предмет на КИТ, може да го бираат и други сродни програми)

:: Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации (9-ти семестар, изборен предмет на КИТ, може да го бираат и други сродни програми)