Интернет технологии (задолжителен предмет во 4-ти семестар на ТКИИ, а може да се бира и од други студиски програми на ФЕИТ)
Институт за телекомуникации, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Скопје, Македонија
Опис и содржина на предметот
Професор: проф. д-р Тони Јаневски
Фонд на часови (предавања + вежби): 3 + 1 + 1
Термини за часови:
:: (предавања)
:: (вежби)
Консултации
За консултации или за било кои прашања можете слободно да ме контактирате на мојата е-маил адреса во било кое време.
E-mail: tonij@feit.ukim.edu.mk
Од академската 2023/2024 година предметот Интернет технологии е задолжителен за ТКИИ во 4-ти семестар.
Од академската 2018/2019 година предметот е задолжителен во 3-ти семестар (зимски) за студиските програми ТКИИ и КТИ, кои го слушаат заедно.
Од летниот семестар 2006/2007 стартуваше за првпат предметот Интернет технологии на модулот Телекомуникации како изборен предмет кој носи 6 кредити. Од 2013/2014 година предметот е задолжителен во 4-ти семестар на студиската програма ТКИИ (Телекомуникации и информациско инжинерство), а изборен за студиската програма ТК во 6-ти семестар, како и за сите студенти од другите студиски програми кои се заинтересирани за содржините кои се нудат. Предавањата по Интернет технологии се покриени од мене, проф. д-р Тони Јаневски. Вежбите ги држи доц. д-р Томислав Шуминоски.
Содржините кои се нудат во Интернет технологии се многу актуелни денес и ќе бидат и во иднина, посебно имајќи во предвид дека IP (Интернет) е единствена платформа за сите комуникациски сервиси и апликации (говор, видео, аудио, мултимедија, веб, пораки, играње, итн.) преку сите типови мрежи (жични и безжични). Притоа, предметот е креиран така да претставува целина сам по себе, при што содржината е направена да биде многу актуелна и интересна.
Материјалите по предметот може да ги најдете на порталот на ФЕИТ.
Во јули 2015 година излезе книгата-учебник за овој предмет „Интернет технологии“ издадена од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, која слободно (бесплатно) може да се симне во електронска форма од дадениот линк.
Содржина на предметот:
ВОВЕД ВО ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ
ОСНОВНИ ПРОТОКОЛИ ВО ИНТЕРНЕТ
TCP/IP КЛИЕНТ-СЕРВЕР КОМУНИКАЦИЈА
ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ И СЕРВИСИ
ВЕБ ТЕХНОЛОГИЈА (WWW)
МУЛТИМЕДИСКИ КОМУНИКАЦИИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
ПРЕНОС НА ГОВОР ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
УПРАВУВАЊЕ ВО IP МРЕЖИ
СИГУРНОСТ ПРИ ИНТЕРНЕТ КОМУНИКАЦИЈА
ИНТЕГРАЦИЈА НА IP И КЛАСИЧНИТЕ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ