Безжични IP мрежи (изборен предмет во 8-ми семестар на ТКИИ, а може да се бира и од КТИ и други студиски програми на ФЕИТ)

Институт за телекомуникации, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Скопје, Македонија


E-mail: tonij@feit.ukim.edu.mk


Опис и содржина на предметот

Професор: проф. д-р Тони Јаневски

Фонд на часови (предавања + вежби): 3 + 1 + 1

Термини за часови:

:: среда 14 - 17 часот (предавања)


Консултации

Термин за консултации: 

За договор за консултации во конкретен термин или за било кои прашања можете слободно да ме контактирате на мојата е-маил адреса во било кое време.

* * *

Безжични IP мрежи е изборен предмет на модулот ТКИИ, но може да го бираат и од другите сродни студиски програми (КТИ, КСИАР и други) во рамките на 10% кредити од предмети од други студиски програми. Предавањата по Безжични IP мрежи се покриени од мене, проф. д-р Тони Јаневски. Вежбите ги држи доц. д-р Томислав Шуминоски.

Содржините кои се нудат во Безжични IP мрежи се многу актуелни имајќи во предвид дека развојот на мобилните мрежи во целост се движи кон IP (Интернет) технологиите, вклучувајќи ги и безжичните локални мрежи (WiFi) и мобилните мрежи (4G LTE/LTE-Advanced/LTE-Advanced-Pro, 5G New Radio и 5G Next Generation RAN). Притоа, акцент ќе биде ставен на мрежните и сервисни архитектури (IMS - IP Multimedia Subsystem) како и протоколите во all-IP мобилните мрежи, вклучувајќи ги и сервисите и апликациите (мобилен VoIP, messaging, мобилни видео сервиси, мобилен Internet of Things - IoT, мобилен cloud computing) за broadband мобилен Интернет.

Mатеријалите по предметот може да ги најдете и на порталот на ФЕИТ. За да се приклучите кон предметот Безжични IP мрежи искористете го enrollment key: ќе биде објавено на првите часови предавања

Глава Безжични IP мрежи Презентации
Глава 1 Еволуција до безжични и мобилни all-IP мрежи Предавања 1
Глава 2 Мобилен Интернет (Mobile IP, Mobile IPv6) Предавања 2
Глава 3 QoS во безжични и мобилни Интернет мрежи Предавања 3
Глава 4 Говор преку мобилни IP мрежи (Voice over LTE - VoLTE, Оver-Тhe-Тop мобилен VoIP - Viber, WhatsApp) Предавања 4
Глава 5 TCP протоколи во безжични IP мрежи Предавања 5
Глава 6 Интернет/IP преку WiFi пристап Предавања 6
Глава 7Интернет/IP конективност преку 4G LTE, LTE-A и LTE-A-Pro Предавања 7
Глава 8 IP конективност преку 5G NR и 5G Next Generation RAN Предавања 8
Глава 9 Мултимедиски сервиси и апликации во мобилни мрежи (мобилен messaging, мобилен Internet of Things, мобилен cloud computing) Предавања 9