Наставничката професија се соочува со брзо променливи барања кои бараат нов, поширок и пософистициран сет на вештини од кога било досега. Универзалната присутност на дигитални уреди и апликации, особено, бара од едукаторите да ги развијат своите дигитални вештини.
Европската рамка за дигитална компетентност на едукатори (DigCompEdu) е научно заснована рамка што опишува што значи да се биде дигитално компетентен едукатор. Таа обезбедува општа референтна рамка за поддршка на развојот на дигитални компетенции специфични за наставниците и едукаторите во Европа.
> индивидуално и во парови
> 20 минути
Истражете ја информацијата за DigCompEdu, на оваа веб-страница и во документот подолу.
Одредете кои 3 идеи се најрелевантни за вас од ова читање.
Кое е вашето сопствено перцепирано ниво на компетентност за 6-те области на компетенции? (Нивоа на компетентност: A1/A2, B1/B2, C1/C2)
На крајот, ќе имате 3 минути да ги споделите трите најрелевантни идеи со колегата/колешката, според упатствата од обучувачот.
DigCompEdu е наменет за наставници на сите нивоа на образование — од рано детско образование до високо и образование за возрасни, вклучително и општо и стручно образование и обука, образование за деца со посебни потреби и неформални образовни контексти.
Обезбедува заедничка референца за тоа што значи да се биде дигитално компетентен наставник.
Ги поддржува наставниците и едукаторите да ја оценат и понатаму развиваат својата дигитална компетентност.
Ги опфаќа сите образовни нивоа — од наставници во градинки до универзитетски професори и едукатори на возрасни.
DigCompEdu Check-In алатката за саморефлексија е достапна за следните образовни сектори:
предучилишно образование
основно, средно и стручно образование
високо образование
образование за возрасни или континуирана стручна обука на други професионалци
Рамката DigCompEdu објаснува како дигиталните технологии можат да се користат за унапредување и иновации во наставната практика.
Рамката DigCompEdu не се фокусира на технички вештини!
Рамката DigCompEdu разликува шест различни области во кои се изразува дигиталната компетентност на наставниците, користејќи вкупно 22 компетенции.
Постојат 22 тврдења кои се однесуваат на тие 22 компетенции. За секое од тврдењата во прашалникот, од учесниците се бара да наведат до кој степен тоа тврдење ја одразува нивната сопствена практика, избирајќи една од пет понудени опции. Овие пет одговори се структуирани прогресивно, одразувајќи го генералниот напредок во рамката DigCompEdu, како и специфичниот напредок карактеристичен за секоја компетенција.
За поголемиот дел од тврдењата, развојот следи оваа структура:
(0) без вклученост
(1) делумно присвојување
(2) повремена употреба
(3) зголемена разновидност/интензитет
(4) систематска/обемна употреба.
Правилото за поени во алатката доделува 0 поени за најниското ниво, 1 за второто најниско и така натаму, така што максималниот број поени за секое прашање е 4.
Максималниот вкупен број на поени е 88.
Алатка за саморефлексија базирана на рамката DigCompEdu
Онлајн и достапна за сите
Им помага на наставниците да ги запишат своите јакости и области за понатамошен развој
Обезбедува повратна информација и ги поттикнува наставниците да ги унапредат своите дигитални вештини
Со DigCompEdu
им даваме на наставниците прва слика за нивото на нивната дигитална компетентност
им даваме детална повратна информација за тоа како можат да ја подобрат дигиталната компетентност, земајќи го предвид нивното тековно ниво
го прилагодуваме образовниот материјал во модулот „дигитална педагогија“ според излезните резултати од прашалникот, по ниво
работиме диференцирано со наставниците, според нивото на дигитална способност, со цел да одговориме на потребите за развој/подобрување на што пообјективен, применлив и практичен начин.
Овие шест области на DigCompEdu се фокусираат на различни аспекти од професионалните активности на наставниците.
Користење дигитални технологии за комуникација, соработка и професионален развој.
Пребарување, креирање и споделување дигитални ресурси.
Управување и координирање на користењето дигитални технологии во наставата и учењето.
Користење дигитални технологии и стратегии за унапредување на процесите на евалуација.
Користење дигитални технологии за унапредување на инклузијата, персонализацијата и активното вклучување на учениците.
Овозможување на учениците да користат дигитални технологии на креативен и одговорен начин за информирање, комуникација, креирање содржини, дигитална благосостојба и решавање проблеми.
Областите 1, 2 и 3 се вградени во карактеристичните фази на секој наставен процес, без разлика дали е поддржан од технологија или не.
Компетенциите во овие области детално опишуваат како ефективно и иновативно да се користат дигиталните технологии во: планирање (Област 2), имплементација (Област 3), и оценување на наставата и учењето (Област 4).
Област 5 се фокусира на потенцијалот на дигиталните технологии за стратегии на наставно-училишна работа ориентирани кон ученикот. Таа се протега низ Областите 2, 3 и 4, бидејќи содржи сет на водечки принципи кои се релевантни и комплементарни со компетенциите дефинирани во тие области.
Рамката DigCompEdu разликува 6 различни нивоа на дигитална компетентност, кои прогресивно се развиваат во согласност со Заедничката европска рамка за јазична компетентност: Почетници (A1), Истражувачи (A2), Интегратори (B1), Експерти (B2), Лидери (C1), Пионери (C2)
Во рамките на овој модел, нивоата опишуваат специфични фази и улоги низ кои поминуваат наставниците при интегрирање на дигиталните технологии во нивната професионална пракса.
Преминот на повисоко ниво обично бара преземање активности типични за тоа ниво.
Пример: за да премине од Истражувач (A2) во Интегратор (B1), наставникот треба да го прошири својот репертоар на дигитални стратегии. Но, за да се премине од Интегратор (B1) во Експерт (B2), не е потребна само разновидност, туку и повеќе стратешки и систематски пристап.
Се свесни за потенцијалот на дигиталните технологии за подобрување на наставната и професионалната практика, но имаат многу малку искуство со нив. Ги користат главно за подготовка на настава, административни задачи или организациска комуникација. Им е потребна поддршка и охрабрување за да го прошират својот репертоар и да ги применат постоечките дигитални вештини во образованието.
Се заинтересирани за можностите што ги нудат дигиталните технологии и започнале да ги применуваат во некои области, но без целосен или структуриран пристап. Им е потребна мотивација, информации и инспирација – на пример преку поддршка и добри примери од колеги и преку соработка и размена на практики.
Експериментираат со дигитални технологии во различни контексти и цели, и ги вклучуваат во многу од своите практики. Тие се креативни и сакаат да го прошират својот репертоар, но сè уште учат да разликуваат кои алатки најдобро функционираат во кои ситуации и како да ги прилагодат технологиите на своите наставни стратегии. Им е потребно малку повеќе време за експериментирање и размислување, заедно со поддршка и размена на знаења.
Користат широк спектар дигитални технологии со самодоверба, креативност и критичко размислување. Свесно избираат технологии соодветни на конкретна ситуација и анализираат предности и недостатоци. Се љубопитни и отворени за нови идеи и користат експериментирање за структурирање и проширување на своите стратегии. Тие се основата на секоја едукативна институција кога станува збор за иновации.
Имаат координиран и сеопфатен пристап во користење на дигитални технологии за подобрување на наставната и професионалната пракса. Имаат богат репертоар од кој знаат да изберат што е најсоодветно. Постојано ги анализираат и развиваат своите практики и се во тек со новини преку размена на идеи со колеги. Претставуваат извор на инспирација за другите.
Ги преиспитуваат современите дигитални и педагошки практики – дури и оние што самите ги водат. Се водени од желба за понатамошна иновација и унапредување на образованието. Експериментираат со комплексни и напредни дигитални технологии и/или развиваат нови педагошки пристапи. Тие се ретки, но важни фигури – вистински предводници и рол-модели за новите генерации на наставници.
За сите вештини, напрегот низ нивоата на компетентност е кумулативен, во смисла дека секој повисок опис на ниво ги вклучува сите описници од пониските нивоа, освен првото ниво – Почетник (A1).
На пример, да се биде Експерт (B2) значи да се поседуваат сите компетенции опишани од A2 до B2, но не и оние од C1 и C2.
Нивото Почетник (A1) најчесто се опишува преку недостиг на одредени компетенции, односно знаења, вештини или ставови кои се присутни на нивоата A2 и погоре.
Затоа, Истражувачите (A2) се оние кои веќе ги имаат надминато стравовите или сомнежите карактеристични за нивото Почетник (A1).
Секоја компетенција има одреден пат на развој, во зависност од карактеристиките на самата компетенција и од тоа како обично се развива при достигнување на повисоко ниво. Сепак, некои клучни зборови се заеднички за истото ниво на компетенција во сите вештини во рамките на една област.
Ниво на искуство
3. Област: Настава и учење
3.1 Компетенција: Предавање
> Обучувачот ќе ѝ додели на секоја група една од 6-те области на компетенции од рамката DigCompEdu..
> 30 минути
1. Истражете ја доделената област на компетенција и одговорете на следните прашања:
Кои се двата столба на учење во дигиталната ера?
Зошто е оваа област на компетенција релевантна за учењето?
Кои се можностите и предизвиците за користење на рамката DigCompEdu од перспективата на оваа компетенција?
Кое е вашето сопствено перцепирано ниво на компетенција за оваа област?
Како би можеле да работите со оваа компетенција во училницата/училиштето?
Кои ресурси и алатки (отворени или со надомест) се достапни и можете да ги поврзете со оваа област на компетенција?
Кои се вашите први идеи за дизајнирање и планирање на сопствен образовен и професионален развој во оваа област?
Како би ја промовирале оваа област на компетенција меѓу колегите во вашето училиште?
2. На крајот, договорете се како ќе ги претставите заклучоците на вашата група во пленум.
Тоа може да биде: цртеж, листа со клучни зборови, графички приказ, пантомима, театарска сценка, песна, краток филм, читање итн. Одлучете: кој ќе учествува во презентацијата, кои ќе бидат улогите и приспособете ја презентацијата на предвиденото време (5 минути).
> 20 минути
Секоја група ги презентира своите наоди, по редослед.
Step-UP 1 > DigCompEdu CheckIn
Пополнете го прашалникот DigCompEdu CheckIn со кликнување на копчето подолу.