Во свет кој се менува брзо и е силно поврзан, секој човек има потреба од сет на клучни компетенции, чиишто развој треба да се одвива континуирано низ целиот живот.
Клучните компетенции, како што се дефинирани во оваа рамка, имаат за цел да ги постават темелите за по-демократско и поправедно општество.
Тие одговараат на потребите за одржлив и инклузивен раст, социјална кохезија и понатамошен развој на демократската култура.
Знаењето се состои од факти и податоци, концепти, идеи и теории кои веќе се воспоставени и овозможуваат разбирање во одредена област или предмет.
Ставовите го опишуваат начинот на размислување и подготвеноста да се дејствува или реагира на идеи, луѓе или ситуации.
Вештините и способностите се дефинираат како способност да се спроведуваат процеси и да се користи постојното знаење за да се постигнат резултати.
Вредностите се приоритети што го насочуваат трошењето на времето кон постигнување на резултати кои се важни за успехот.
Клучните компетенции се развиваат низ целиот живот преку формално, неформално и информално учење во различни средини, вклучително и во семејството, училиштето, на работното место, во соседството и други заедници.
Сите клучни компетенции се сметаат за подеднакво важни; секоја придонесува кон успешен живот во општеството. Клучните компетенции можат да се применат во различни контексти и во различни комбинации. Тие се преплетуваат и надополнуваат; клучни прашања во една област можат да го поддржат развојот на компетенции во друга. Критичкото размислување, решавањето проблеми, тимската работа, комуникацијата и преговарачките вештини, аналитичкото размислување, креативноста и интеркултурната способност се составен дел на клучните компетенции.
DigComp обезбедува заедничко разбирање за тоа што значи дигитална компетенција.
Истражете ја информацијата за DigComp – на оваа страница и во документот подолу.
Одлучете кои 3 идеи се најрелевантни за вашиот тим од оваа вежба.
Запишете ги на местото што ќе го покаже обучувачот.
Дигиталната компетентност подразбира самоуверено и критичко користење на технологии за кариера, формално, неформално и информално учење, саморазвој и учество во општествениот живот (ЕК, 2006).
Дигиталната компетентност е дел од рамката на клучни компетенции за доживотно учење и е поврзана со другите компетенции.
5 области на компетенции ја оформуваат дигиталната компетентност
21 DigComp ставка за дигитална компетентност
Првите три области (Информациска и дата писменост; Комуникација и соработка; Креирање дигитални содржини) се однесуваат на компетенции што можат да се развиваат преку конкретни активности и употреба на дигитални алатки.
Од друга страна, области 4 и 5 (Безбедност и Решавање проблеми) се „трансверзални“, бидејќи се применуваат на секаков тип на активности извршени преку дигитални средства. Елементите на решавање проблеми, особено, се присутни во сите компетенции, но е дефинирана посебна област за да се истакне важноста на овој аспект за присвојување на технологијата и дигиталните практики.
Граѓаните треба да разберат како дигиталните технологии можат да поддржат комуникација, креативност и иновации, и да бидат свесни за нивните можности, ограничувања, ефекти и ризици. Тие треба да ги разбираат општите принципи, механизми и логиката зад развојот на дигиталните технологии и да го познаваат основното функционирање и користење на различни уреди, софтвер и мрежи.
Граѓаните треба да имаат критички пристап кон валидноста, доверливоста и влијанието на информациите и податоците достапни преку дигитални средства и да бидат свесни за етичките и правните принципи поврзани со употребата на дигитални технологии.
Граѓаните треба да умеат да користат дигитални технологии за да го поддржат своето активно граѓанство и социјална инклузија, за соработка со други и креативност во остварување на лични, општествени или комерцијални цели. Вештините вклучуваат способност да се користи, пристапува, филтрира, оценува, креира, програмира и споделува дигитална содржина. Корисниците треба да умеат да управуваат и заштитат дигитални информации, содржини, податоци и идентитети, како и да препознаваат и ефикасно користат софтвер, уреди, вештачка интелигенција или роботи.
Користењето на дигитални технологии и содржини бара рефлексивен и критички став, кој истовремено изразува љубопитност, отвореност и ориентација кон иднината во однос на нивната еволуција. Потребен е и етички, безбеден и одговорен пристап во начинот на користење на овие алатки.
Со оглед на конвергенцијата на медиумите и дигиталните технологии, иако техничките вештини се важни, способноста за критичко консумирање и користење на дигитална содржина преку различни уреди и разбирањето на трансформативните ефекти од технологијата се суштински.
Оваа вештина бара вклучување низ целиот наставен план, како и поголемо внимание на тоа како учениците и наставниците консумираат и се поврзуваат со медиуми. Предизвикот да се развие оваа компетенција е, затоа, многу поголем од едноставното интегрирање на технологијата во наставата, бидејќи таа има влијание низ целиот наставен план.
Во контекст на нашиот проект, дигиталната компетенција може да се дефинира како „интегрирана и функционална употреба на дигитални знаења, вештини, вредности и ставови“. (Aesaert et al., 2013)