Стручен собир 2019

П О К А Н А

ЗА РЕГИОНАЛЕН СТРУЧЕН СОБИР

Предмет- Покана за учество на Регопнслен стручен собир

Почитувани,

Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, Здружение на просветни работници Куманово, ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово и Општина Куманово се стручни и организациски носители и домаќини на Регионален стручен собир, еден од собирите во рамки на проектот „70 години Учителско образование на македонскиот литературен јазик 1949-2019“ чии стручни носители се : проф. д-р Атанас и проф д-р Јелица Николовски.

Регионалниот стручен собир, се одржува по повод 70 години на првата генерација на учители во македонскиот образовен систем од Учителската школа „Гоце Делчев“ – Штип , воедно е и промоција на просветниот работник и образовниот систем како двигатели на промените во општеството токму на почеток на новата учебна година, а во пресрет на 5-ти Октомври -Светскиот Ден на Учителот.

Собирот е наменет за просветните работници од предучилишно, основно, средно и високо образование- стручни работници и соработници, воспитувачи, наставници, професори, директори и други стручни лица за презентирање на позитивни воспитно-образовни практики и истите можат да присуствуваат со или без стручно излагање.

Собирот има Регионален карактер, се покануваат по три (3) представници од секоја образовна институција во Регионот од Општините: Крива Паланка, Кратово, Липково , Старо Нагоричане и Куманово и истиот ќе се одржи на 24 Септември (вторник), 2019 година, со почеток во 11:00 часот во просториите на првото училиште на македонски јазик во Куманово – ООУ"Крсте Мисирков" Куманово.


ПРЕЛИМИНАРНА ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ – 40 минути (Официјални обраќања по 5 минути)

Обраќања

- г-дин Александар Јовановиќ, Директор на ООУ„Крсте Мисирков“-Куманово,

- г-дин Максим Димитриевски, Градоначалник на Општина Куманово

Јубилејни обраќања

-проф.д-р Атанас Николовски: ученик од првата генерација-професор, воспитувач и управник ученички дом. ТЕМА: „Резултатите од досегашните истражувања на Учителската школа„Гоце Делчев“-Штип;

- Проф.д-р Јелица Николовска: ученичка и професор. ТЕМА: „ Портрет на најмаркантниот директор на Учителската школа„Гоце Делчев“-Штип- проф.д-р Јонче Јосифовски;

- проф.д-р Стојан Трниниќ-Нанче на тема: „Битни функции на Учителската школа„Гоце Делчев“-Штип;

- проф. Невена Милева на тема: „Искуства од работата во Учителската школа„Гоце Делчев“-Штип;

- проф.Тања Павлова на тема: Ученичкиот дом на Учителската школа„Гоце Делчев“-Штип;

ПАУЗА – 10 минути

ВТОР ДЕЛ- 90 минути (Презентација на Стручни трудови по 5 минути)

Теми

-Интерни проекти во образовните установи (градинки и училишта);

-Интегрирана настава- искуство;

-Тематска разновидност на тимското работење;

-Истражувачки примери на сопствената образовно-воспитна практика;

-Интеркултурни часови-активности;

-Инклузивни практики;

-Оценување на учениците-техники;

- Разбота со надарени деца/ученици;

-Стандарди за самоевалуација;

-Отвореност на училиштето кон средината- амбиентална настава

-Споделување на искуства во рамките на една установа со други установи;

-Образовно-воспитни постигања на меѓународен план;

-Унапредување во професионалната учителско-наставничка дејност;

Доделување на сертификати и свечен коктел

ПРИЛОГ - 1 Насоки и критериуми за авторите за стручно излагање

Со почит,

Август, 2019 година, Куманово

Организациски одбор,

Сојуз на просветни работници на Р.С.Македонија,

Лидија Н. Георгиевска, претседател,

Здружение на просветни работници Куманово

Бобан Поповски, претседател,

ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово

Александар Јовановиќ-директор и

Општина Куманово- сектор за образование

Жика Кртстевски, раководител

ПРИЛОГ - 1

НАСОКИ И КРИТЕРИУМИ ЗА АВТОРИТЕ ЗА СТРУЧНО ИЗЛАГАЊЕ

Стручниот собир е наменет за ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ПРЕДУЧИЛИШНО, ОСНОВНО, СРЕДНО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ- стручни работници и соработници, воспитувачи, наставници, студенти, професори и директори на образовните установи од регионот: Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Кратово и Крива Паланка.

Потребно е една од дадените теми во програмата, да ја обработите како препознатлива за вашата работа, кратко да не воведете и да ја претставите позитивната практика која може да биде практично применлива и да предизвика позитивна промена во образованието.

Вкупната должина на Вашето излагање да биде 5 минути.

Вашето излагање – предавање може да биде без дополнителна технолошка подршка како Power Point презентација, слики и друго, но треба добро да е вовежбано, вашето говорничко излагање и да имате искрена верба во тоа што го излагате. Текстот треба да биде најмногу две страни во Фонт Ariel, големина 11 или 500 зборови, 5-6 клучни збора и да го прикачите во апликацијата.

Во Вашето усно излагање може да имате и поддршка со Power Point презентација која ќе мора да ја прикачите во апликацијата, а потоа при излагањето сами ќе го контролирате движењето на слајдовите.

Текстот да е напишан со кирилично писмо на официонален-македонски јазик и на јазикот на кој авторите ја изведуваат наставата.

Излагањето може да биде однапред подготвено во вид на видео презентација. Видеото ќе биде всушност Вашето претставување, на кое сте снимени Вие и /или Вашите колеги, како документарен филм и слично, во траење до 3 мин. Видеото ќе мора да го прикачите во апликацијата. При промовирање со Видеото, ќе треба 1 минута да имате излагање да се претставите и да не воведете и 1 минута по Видеото за заклучок.

Темите може да ги припремите заеднички во соработка со вашите колеги или сами индивидуално.

Пријавување на истите теми може да биде и преку постер презентација. Постерите ќе бидат изложени и ќе има можност во паузата од 10 минути да го презентирате вашиот Постер на присутните во траење од 1 една минута. Постерот како фотографија ќе мора да го прикачите во апликацијата/пријавата. Пријавите со резимеата треба да се испратат најдоцна до 10.09 2019 год. Доколку Ви е прифатена пријавата ќе бидете известени најдоцна до 18.09.2019г.

Пријавување се изведува по електронски пат на сајтот на Сојузот на просветните работници во полето Пријава. Линкот до пријавата:

https://forms.gle/iBnEGaa4Dc49aDDv6

или на

www.sites.google.com/view/sojuzprosvetni/стрчен-собир-2019

Со почит,Август, 2019 година, Куманово

Организациски одбор