За нас

СОЈУЗОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ – НИЗ ГОДИНИТЕ

ОД МИНАТОТО ДО ДЕНЕС

Сојузот на просветните работници е невладина и непартиска организација кој е основан пред 25 години и оттогаш до денес истиот Сојуз опстојува и функционира со свое раководство и со свои самоуправни акти за работа. Располага со печат и штембил и е регистриран во Централниот регистер на Република Македонија под број ______, како и отворена жиро сметка со депониран потпис во Комерцијална банка – А.Д. Скопје.

Сојузот е основан во далечната 1993 година кога е избрано и првото

Претседателство. Прв претседател на Сојузот беше проф, д – р Јелица Николовска од Скопје (два мандати), нејзин заменик беше м – р Виолета Саид, а секретар беше м – р Томислав Димишковски.

По осум години, во 2001 г. се избра ново Претседателство на чело со м – р Виолета Саид (два мандати), а заменик беше м – р Томислав Димишковски, а за секретар едногласно беше избран Раско Лозаноски, којшто оттогаш до денес сѐ уште е на таа позиција на Сојузот. Истиот е најстар член на Претседателството (над две децении), а другите сите членови останале во историјата на Сојузот. На именуваниот низ годините на постоење на Сојузот неколкупати му било понудено за претседател на Сојузот, но од преголема зафатеност и со други активности истиот не прифаќал.

Други претседатели на оваа невладина и непрофитна организација низ годините на минатото беа: м – р Елизабета Ангелеска, проф. д – р Благица Петковска и Зорица Русевска, сите од Скопје.

Актуелен претседател на Сојузот е избрана магистрантот Лидија Николовска, психолог во Детската градинка ,,Ангел Шајче” од Куманово. За нејзин заменик е избрана Жаклина Ристовска, наставник во ООУ,,Браќа Миладиновци” – Скопје, а за секретар и натаму останува Раско Лозаноски, професор по македонски јазик и литература (во пензија). Изборот е извршен на Изборното собрание, одржано на 23 февруари 2019 година во ООУ,,Браќа Миладиновци” – Скопје.

Низ годините на постоење, па и сега, Сојузот секоја година несебично се залагаше и ги остваруваше сите цели и задачи зацртани со Годишната програма за работа. Имено:

· одржуваше научни трибини за проблемите и специфичностите на практиката во установите, односно во училиштата и детските градинки, а нема да грешиме и ако потенцираме дека одржа и два – три научни расправи во соработка со Педагошкиот факултет ,,Св.Климент Охридски” – Скопје.

Покрај тоа, Сојузот реализираше активности во одбележување датуми, односно годишнини на позначајни личности од литературата и историјата на нашето подалечно и поблиско историско минато.

И не само тоа, Сојузот реализираше и наградни литературни и ликовни конкурси за децата од предучилишните установи, за учениците од основните и од средните училишта. На првонаградените учесници им беа доделени дипломи, пофалници и благодарници, како и вредни книги за соодветната возраст.

Општо земено, Сојузот сите активности кои досега ги реализирал биле насочени во давање поттик и мотивирање за поуспешна понатамошна работа во практиката во воспитно – образовните установи на Републиката.

Централно место од сите активности во Годишната програма беше

Манифестацијата посветена за Петти октомври – Светскиот ден на учителите. Секој 5 Октомври во годината се одбележува со богата Програма – посаветена за учителот. Низ годините што изминале таква свеченост имаме одржано во Културниот центар – Скопје, во Салата на хуманитарната организација ,,Даре Џамбаз” – Скопје, во Универзалната сала – Скопје, во два – три наврати на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски” – Скопје.

Во последните години, по барање на практиката свеченоста се одбележуваше надвор од Скопје. Имено: во 2016 година во ООУ: ,,Гоце Делчев” во Василево (Струмичко), во 2017 година во ООУ,,Васил Главинов” – Велес, односно на езерото ,,Младост” и во 2018 година во Општината Куманово.

Секоја свеченост била фокусирана во прогласување Просветен работник на

годината. За реализација на оваа многу значајна активност Сојузот претходно дава Соопштение за започнување на постапката за прогласување на такви работници.

Соопштението Сојузот го објавува во медиумите и во него се внесени критериумите кои треба да ги исполнува учесникот и по завршувањето на рокот за пријавување посебна комисија, избрана од редот на Претседателството врши вреднување на поднесените прилози од учесниците. Вреднувањето комисијата го врши врз основа на критериумите кои се нотирани во Правилникот за доделување награди, пофалби и признанија.

Кандидатите кои имаат најголем број бодови добиваат Признание и некој скромен подарок. Последната година на таквите наставници Министерството за образование и култура обезбеди метални плакети за секој добитник, што е навистина за пофалба.

Се надеваме дека оваа традиција Министерството ќе ја продолжи и во иднина.

Значајно е да напоменеме дека во почетокот кога се основа Сојузот се

прогласуваше само еден просветен работник на година, но со понатамошниот развој Сојузот донесе Одлука на тој ден да се прогласуваат повеќе просветни работници на годината, и тоа:

· еден просветен работник од сферата на детските градинки;

· еден од основното образование (одделенска настава);

· еден од основното образование (предметна настава);

· еден од средното образование;

· еден од установите каде се работи со ученици со посебни потреби,

· еден од училишптата за средно образование;

· еден од помалите заедници на Републиката и

· еден од стручните соработници на училиштата.

Нема да грешиме ако речеме дека досега Сојузот има доделено над стотина признанија за Просветен работник на годината. Прв кој го доби тоа Признание е _______________, тогашен директор на ОУ,,Дане Крапчев” – Скопје.

Во врска со ова, повеќепати Сојузот правел голем напор на таквите просветни работници симболично да им се зголеми нивниот личен доход или да се наградат со некој еднократен скромен износ на финансиски средства, но тоа прашање сѐ уште позитивно не е решено. Да се надеваме дека во иднина ресорното министерство нешто на тој план ќе направи.

Во последниве четири години, 5 Октомври – Светскиот ден на учителите се

одбележуваше со скромна програма подготвена од домаќините и тоа:

· во 2015 година во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ“; – Скопје;

· во 2016 година во ООУ ,,Гоце Делчев“ – Василево, Струмица;

· во 2017 година во ООУ ,,Васил Главинов“ – Велес, односно во Културниот дом за ликовна уметност и на Велешкото Езеро ,,Младост“;

· во 2018 година свеченоста беше реализирана во Салата на Општината Куманово.

Сите овие активности од јавноста беа оценети повеќе од успешни. Реализирањето на сите овие активности не беа едноставна обврска, зашто за сето ова потребно беше време, договарање, преговарање и сл., а да не говориме и за потрошени свои финансиски средства на некои од членовите на Претседателството. Но, како и да било сите овие активности Сојузот не штедејќи се себеси секогаш настојуваше успешно да завршуваат. Не е на одмет ако потенцираме дека господинот Живко Поповски – Цветин во повеќе наврати за добитниците на Признанието Просветен работник на годината донираше уметнички слики на тема со Цвеќето на мирот за што Сојузот му има доделено посебно признание.

Нема да грешиме ако во оваа пригода ја нотираме и активноста, односно Средбата на сите добитници низ годините на Признанието Просветен работник на годината на Република Северна Македонија во Ресторанот Бисера – Скопје. Присутните на средбата, која се реализира на 15 декември 2018 година побараа ваквите средби да продолжат и во иднина, бидејќи истата ја оценија како доста успешна. Да истакнеме дека Средба беше со самофинансирање на присутните просветни работници. За одбележување е што на средбата присутни беа заменикот – министер за образование и наука, Петар Атанасов, и градоначалникот на Општината Куманово, Максим Димитриевски.

Што се однесува за финансискиот дел на Сојузот нема со што да се пофалиме,зашто секогаш тој дел Сојузот настојува да го реализира самостојно.. Имено, минималните средства што ги земаше Сојузот од котизација веднаш ги покриваше другите направени трошоци за дипломи, пофалници, признанија и книги, како и скромен коктел за гостите-учесници. Во врска со ова нема да грешиме ако ја кажеме вистината дека во повеќе наврати некои членови од Претседателството свои финансиски средства давале за да се дореализираат некои активности.

Текстов, сојузот на просветните работници – низ годините на минатото до денес, е изработен како документ за да послужи во отворањето на веб – страница на оваа многу значајна невладина организација.

Април, 2019 година

С к о п ј е

Од Сојузот на просветните работници

на Република Северна Македонија